Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресуда: Деветмината насилници од 27 април добија условни казни

1
By Влатко Чаловски on May 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 23, 2017 12:23

Сите деветмина обвинети за насилствата во Собранието од 27 април добија условни казни за учество во толпа која ќе спречи службено лице во вршење службена должност.

Најголема казна Судот му изрече на Димче Христовски наречен Жабата кој доби 5 години условна казна, во кои не смее да го повтори делото инаку му се активира затворска казна од 1 година и 6 месеци.

Останатите осуммина добија условни казни од 1 година во која не смеат да го повторат делото, инаку им се активира затворска казна од 6 месеци.

Како што рече судијката Милка Ангеловска – Васевска  кога ја соопштуваше пресудата, тие биле обвинети за рушење на заштитната ограда на Собранието, потоа на влезот од зградата се туркале со полицијата, а откако успеале да влезат во Законодавниот дом се упатиле кон прес- центарот, каде употребиле клоци и тупаници кон лицата од обезбедувањето со цел да пристапат во просторијата.

Од оштетените 21 полицаец, само мал дел се изјаснија и во нивно име обвинетите да се гонат кривично и побараа отштета.

Судот воедно со пресудата го укина и притворот на осудените на кои претходно им беше изречена таква мерка.

На прашањето дали се свесни што сториле, адвокатот на обвинетите рече дека се свесни и дека се каат.

Сите деветмина претходно на рочиштето ја  признаа вината за, како што ги товари Обвинителството “учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност”.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026

Протести во Бугарија поради сомнежи за иборни нерегуларности

January 15, 2026

Пожар во ресторан во главниот шпански град предизвикан од прскалки – нема повредени

January 15, 2026

Слон уби 20 луѓе во Индија – се трага по убиецот

January 12, 2026
ФОКУС
January 15, 2026

Ноќеска европски земји испратија војници во Гренланд

ВЕСТИ January 15, 2026

Германија испраќа 13 војници во Гренланд, потврди германското Министерство за одбрана. Мисијата на Бундесверот ќе…

Данскиот министер за надворешни работи на состанок во Белата куќа: „Имаме фундаментални несогласувања околу судбината на Гренланд“

January 14, 2026

Заврши тричасовната лидерската средба и реши – ништо

January 14, 2026

Зеленски се обрати до нацијата: Ситуацијата во Украина е тешка, најтешко е на фронтот

January 14, 2026
ТИКЕР

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026

Протести во Бугарија поради сомнежи за иборни нерегуларности

January 15, 2026

Пожар во ресторан во главниот шпански град предизвикан од прскалки – нема повредени

January 15, 2026

Слон уби 20 луѓе во Индија – се трага по убиецот

January 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.