Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресуда на Европскиот суд против Северна Македонија за дискриминација на ученици Роми

0
By Соња Крамарска on December 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Родителите Роми чиишто деца биле дискриминирани во две основни училишта во Северна Македонија добија важна пресуда пред Европскиот суд за човекови права против Северна Македонија. Судот утврди дека две основни училишта, „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и „Гоце Делчев“ во Штип, го повредиле правото на децата на недискриминација (член 14) во врска со нивното право на образование (член 2 од Протоколот бр. 1).

На секое домаќинство, (вкупно 38 семејства) им е доделена оштета во износ од 1.200 евра, или вкупно 45.600 евра за двете училишта. Предметот беше изнесен пред Судот преку две апликации поднесени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР), кој претходно годинава обезбеди и одлуки за прекинување на сегрегацијата во Битола и Штип од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Северна Македонија.

„Неколку години трпеливо ја чекаме оваа пресуда и задоволни сме дека, конечно, неправдата што ја искусија многу генерации ромски деца кои учат во двете сегрегирани училишта е меѓународно признаена од страна на најважниот суд во Европа. Она што сега мора итно да се случи е донесување планови за десегрегација во двете училишта, за да се обезбеди дека утврдената повреда нема да се повтори во следните школски години. ЕЦПР внимателно ќе ги следи дејствијата на Владата и ќе го информира Комитетот на министри доколку пресудата не е проследена со соодветно спроведување. Во рок од три месеца државата треба да им исплати оштета на 38 домаќинства“, изјави правниот директор на ЕЦПР Сенада Сали.

Од ЕЦПР велат дека со години наназад, сè повеќе деца од населбата Баир во Битола, каде доминантно живее ромско население, посетуваат сегрегирани одделенија. За прв пат, во школската година 2021- 2022, сите првоодделенци запишани во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ се од ромско национално потекло. Во голема мера, тоа се должи на отпишување на не-ромските деца од страна на нивните родители и запишување во други училишта кои ги посетуваат помал број ромски ученици (појава позната како „white flight“ 1 ). Освен тоа, родителите сметаат дека е опаднат квалитетот на образованието што им се нуди на децата во училиштата со доминантно ромски ученици. Процесот познат како „white flight“ бил потпомогнат од училишните власти кои им отежнале, па дури и направиле да биде невозможно, родителите Роми да го сторат истото што го направиле другите родители и да ги запишат нивните деца на друго место каде ќе можат да добијат подобро образование.

Во однос на основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип, пред Судот беше изнесено дека во школската година 2018-2019 учениците Роми претставувале 67 отсто од сите ученици. Исто како и во Битола, “white flight” било утврдено како причина за диспропорционално високиот број на деца Роми во училиштето. Судот утврди дека мерките што ги преземало училиштето за намалување на сегрегацијата на ромските ученици се неефективни.

Претставките што ЕЦПР ги поднесе до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација резултираа во позитивна одлука за родителите на засегнатите деца. Овој орган им нареди на општините да гарантираат дека децата може да се запишуваат само во училишта од нивната област, но и да преземат други мерки поврзани со училиштата кои имаат за цел да стават крај на сегрегацијата на децата Роми.

Повеќе информации за правниот процес поврзан со искоренување на сегрегацијата во училиштата во Битола и Штип се достапни на овој линк.

Европски суд пресуда Северна Македонија ученици Роми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.