„Единствената причина поради која е осуден новинарот Томислав Кежаровски е поради неговото истражување за смртта на сопственикот на весникот Фокус, Никола Младенов“, изјави по изрекувањето на пресудата за случајот „Ликвидација“, адвокатот Андреа Радиновски, oбјаснувајќи дека ова е ставот на Кежаровски.
„Пресудата од 4,5 години затвор е засновата на постапка во која нема докази“, реагираше Звонко Давидовиќ, адвокат на Кежаровски.
Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на четири години и шест месеци затвор, поради објавувањето на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“.
Пресудата за новинарот на весникот „Нова Македонија“ доаѓа по многубројните повици за неговото ослободување од повеќе новинарски организации и претставници за граѓанскиот сектор. Пред да биде осуден, Кежаровски на рочиштата порача дека никогаш не загрозил нечиј живот, туку дека само ја извршувал својата новинарска работа.
Во однос на откривањето на идентитетот на заштитениот сведок, Кежаровски неколку пати изјави дека тој е жртва и колатерална штета за да се сокрие самооткривањето на сведокот.
Останатите обвинети во предметот „Ликвидација“, меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казна затвор од 1 до 5 години. Сабедин Џини-Хофман доби една година и шест месеци затвор, поранешниот истражен судија Валентин Зафиров е осуден на 5 години и 6 месеци затворска казна, обвинителот Ивица Ефремов ја доби истата казна како и Кежаровски.
Пензионираниот врховен судија Борис Николовски ќе биде во затвор една година, Јане Павловски доби 1,6 години затвор, а поранешниот судија во велешкиот суд Сашко Лазаров е осуден на затворска казна во траење од една година.
Низ целиот период, од апсењето па се до денеска, за досудениот притвор реагираа и протестираа огромен број медиумски и невладини организации за слобода, меѓународни и домашни институции и организации. Еден од најжесторките критичари е ОБСЕ, попрецизно, шефицата за медиуми на оваа организација Дуња Мијтаовиќ која во два наврати му напиша писм на премиерот Груевски, екслплицитно барајќи да се брани од слобода. Одговорот на премиерот Груевски беше дека тој не се меша во судската власт и нејзините одлуки, затоа што се работи за независна власт која не спроведува политички одлуки.




