Дваесет месеци по предавањето на дипломатските патни исправи на Иво Санадер, Жупанскиот суд од Загреб во петокот одлучи да му ги врати документите на поранешниот Премиер на Хрватска.
Судот одлучи дека, сепак, за мерката претпазливост не постои причина за одземање на пасошот на Санадер кој во моментов е во Реметинац осуден на 10 години затвор за случајот ИНА-МОЛ и Хипо, и одлучи да му се врати дипломатскиот пасош, издаден во 2009 година.
На оваа одлука судот Ускок има право на жалба до Врховниот суд, пишува „Јутарњи лист“ и наведува дека може да се претпостави дека тоа право ќе биде искористено.
Доколку Врховниот суд сега одлучи да ја укине пресудата со која Санадер е обвинет на 10 години затвор, тогаш тој ќе биде пуштен на слобода и постои можност веднаш да ја напушти државата.