Published: Wednesday, January 1, 2014 11:56
Тешко повреден возачот, искршени стаклата на возило на Итната медицинска помош во инцидентот кој се случил ноќеска околу полноќ во скопската населба во Кисела Вода близу Центарот за зависници.
Според информациите од Итната помош на возачот му е скршена раката, а доживеал и потрес на мозокот. Во текот на ноќта итно е опериран на Клиниката за трауматологија.
Возачот, бил физички нападнат со тупаници од засега непознати напаѓачи.




