Новинарката од весникот „Дан“, Лидија Никчевиќ, претепана е вечерва пред дописништвото на подгоричкиот весник во градот, соопшти црногорската полиција.
Како што се наведува, маскираниот напаѓач повеќепати и нанел физички удари на Никчевиќ.
Новинарката е во болница, на одделението за хирургија, каде се констатирани повеќе повреди и подливи на тилот од главата, а една од поголемите рани е сошиена.
Заменик главниот уредник на весникот Никола Марковиќ изјави дека веројатно некој ќе се обиде инцидентот да го претстави како обид за грабеж, но според него станува збор за замолчување на слободниот медиум. Истрагата за инцидентот е во тек.