Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претепаното бебе е во стабилна состојба и му е доделен старател

1
By Нова ТВ on July 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 9, 2018 19:58

Паднало од креветче, го истепале роднините на сопругот кој е во затвор или пак најверојатно монструмот е пријателот на сопругот со кого живеела. Вакви контрадикторни искази дала 20 годишната мајка на 14-месечното бебе кое викендов беше примено на КАРИЛ во коматозна состојба. Докторите од Карил сведочат дека не виделе такво ѕверство. Детето има скршеници на двете нозе, крвавење во мозокот и скршеница на челната коска. Се претпоставува дека и претходно било малтретирано, бидејќи скршениците на нозете се стари две до три недели, исто колку и старата повреда на мозокот – пренесува „Либертас“.

Се чека истрагата да открие кој кошмар го преживувало ова бебе. Детето е преземено од социјалните служби и му е одреден старател. А од Министерството за труд потврдуваат дека мајката е во нивна евиденција како социјален случај, но нема информација зошто службите потфрлиле и во овој случај. Денеска состојбата на бебето е релативно стабилна, не е на апарати за дишење, но сеуште е во животна опасност.

„Детето е подобро, сè уште немаме контакт со него, но дише само, не е на апарати. Има рефлекс на цицање, јадење, што е добар знак. Доколку во наредните 48 часа има подобрување ќе биде префрлено на Детска хирургија. Веројатно се работи за повреди од човечка природа и било повредувано неколку пати – изјави д-р Маја Мојсова, раководител на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ.

Истрагата на МВР е сеуште во тек. Од таму велат дека случајот е многу чувствителен и дека најпрвин ќе расчистат што се случило, пред да кажат детали.

„Во соработка со другите институции работат на целосно расчистување на случајот и откако ќе биде расчистен ќе ги информираат соодветно обвинителството и јавноста.“-изјави Тони Ангеловски портпарол на МВР.

Од Основното јавно обвинителство чекаат што ќе покаже истрагата на МВР.

„По дадени насоки од Основното јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи интензивно работи за утврдување на идентитетот на сторителот на кривичното дело, како  и за обезбедување на релевантни докази кои ќе го поткрепат случувањата на кривично правниот настан.- велат од ОЈО.

Од Министерството за труд и социјална политика пак велат дека  преку службите за социјална работа ги преземата сите потребни мерки.

„Со повеќе информации ќе излеземе по затворањето на истрагата.Она што можеме да го соопштиме во моментот е дека мајката на детето е корисник на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа.“- соопшти МТСП.

Тешко повреденото девојче во ургентниот центар пред два дена го донесе неговата мајка, која исто така била претепана но без сериозни повреди, по што е пуштена дома.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.