Published: Tuesday, August 27, 2013 10:54
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се сретне со претседателот на ад- хок комисијата за расветлување на настаните пред и на 24 декември, 2012 година, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.
Вечра беше потпишан извештајот за настаните што се случија на 24 декември во собранието на Македонија. За ВМРО-ДПМНЕ овој извештај нема тежина, додека за СДСМ во него е нотирано што точно се случувало тогаш во Собранието.
Извештајот на комисијата беше обврска меѓу партии од мартовскиот договор направен со посредство на ЕУ претставниците со цел откочување на меѓупартискиот дијалог.




