Владиниот авион, со кој претседателот Ѓорѓе Иванов заедно со сопругата Маја, утрово требаше да полета за Сочи на отворањето на зимската Олимпијада, не полета.
Претседателот требаше да замине за Сочи во 7 часот утрово.
Делегацијата влегла во авионот, но и по час и половина чекање авионот останал на писта на аеродромот Александар Велики во Скопје.
Од Агенцијата за цивилно воздухопловство за Вест изјавиле дека авионот со претседателот не полетал од технички причини.
– Согласно Законот и правилниците, одлука на операторот е доколку од технички причини не може да се обави летот, да не го реализира, изјавил Дејан Мојсоски, директор на АЦВ.
Агенцијата соопштила дека засега нема информации кога би полетал претседателоти дека се чека на одлуката на технички и на стручни лица кои треба да дадат препорака за сервисирање на авионот.




