Претседателот на државата, Ѓорге Иванов по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до православните верници.
– Радувајќи се на Христовото крштевање и осветувајќи ги македонските води ја продолжуваме традицијата на нашите предци и ја потврдуваме вербата во вредностите на покајанието и прочистувањето, како и споделувањето на добрина и љубов, се вели во честитката.
Иванов во честитката истакнува дека Македонската православна црква со негување на традицијата, религиозните и културните посебности, ни дава верба за да ги издржиме секојдневните предизвици и искушенија, залагајќи се за почитување на верските и духовните вредности.




