Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски за порталот Фронтлајн: Додека Хрватска преговараше со Брисел, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ пречекуваа Хунзи

0
By Zoran Ivanov on April 8, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 8, 2024 13:43
  • Подобар стаднард, владеење на право, борба против корупција, здравство и образование се добиваат со члнеството во ЕУ. Земете ја Хрватска за пример, со која сме биле дел од југословенското општество. Со влегувате во ЕУ, во Хрватска платите се неколкукратно зголемени, пензиите зголемени, невработеноста намалена, дуплиран БДП, 33 отсто зголемен бројот на мали и средни претпријатија, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Фронтлајн“.

Тој додаде дека со Хрватска земјава тргна заедно на европскиот пат и заедно добивме кандидатски статус во 2005 година, а Македонија беше проектирана пред Хрватска да стане членка во ЕУ, бидејќи таму имаше војна.

  • Поади нерешителноста и лошите политики на Ѓорге Иванов и на Никола Груевски, Македонија место да се европеизира, се антиквиризраше. Хрватска водеше преговори, одеше во Брисел, преговараше со администрацијата на Јункер, ние пречекувавме Хунзи на аеродромот, каде не убедуваа дека Македонците имале браќа во Пакистан рече Ковачевски.

На прашањето како ја оценува работата на неговата влада чиј премиер беше до неодамна, Ковачевски вели дека преземам одговорноста за сите грешки и за сите успеси.

  • Ако некој добро знае што зборуваат граѓаните, тогаш тоа сум јас. Точно знам дека граѓаните се незадоволни од дел од работите што се случуваа изминатиот период во однос на цените, владеењето на правото, борбата со корупцијата. Можам да кажам дека ако некој е одговорен за тоа, со оглед дека јас бев две години премиер, тогаш јас сум одговорен и ја земам одговорноста и за грешките и за успесите, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Фронтлајн“.

Тој додаде дека во овие два и пол месеци, откако не е веќе премиер, има голем број на партиски активности и секојдневно е на средби со граѓаните.

  • Граѓаните се изморени од процесот на европска интеграција, понекогаш и јас го чувствувам тоа, но тоа е единствениот процес кој во државата може да донесе позитивни промени. Заради тоа знам дека граѓаните ќе изберат опција на изборите која ја предводиме СДСМ и Коалицијата за европска иднина и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека на тој начин граѓаните може да изберат извесна европска иднина за Македонија.

Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.