Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на Собранието порача во новата 2022 да ги надминеме рамките што нè ограничуваат

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 30, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателoт на Собранието Талат Џафери денеска упати видео-честитка до сите граѓани во пресрет на Новата 2022 година. 

– Новата година е речиси на прагот и сега кога ја испраќаме Старата морам да признаам дека со нетрпение и со огромна доза на оптимизам се охрабрувам дека 2022 година нема да биде во ниту еден сегмент како оваа. За жал не можеме да кажеме дека беше лесна, ниту пак успешна. Напротив беше тешка, полна со предизвици, препреки, најтажно од се година во која паралелно со здравствените, економските и штетите по менталното здравје на глобално ниво што ги предизвика пандемијата со Ковид-19, вели Џафери.

Претседателот на Собранието потсети дека оваа година нашата држава беше погодена од огромни трагедии во кои, како што рече, загубивме драги наши сограѓани и тоа остави болка и горчлив вкус во сите нас.

– Оваа година имавме редовни локални избори, по што настапи период на неизвесен политички живот во земјава, кој пак предизвика делумна функционалност на домашните институции. И Законодавниот дом функционираше во рамките на наметнатите здравствени протоколи заради кои останавме затворени за ваши посети и наметнатите деловнички одредби за работа во време на изборни активности. Се фокусиравме на транспарентноста, достапноста и зајакнување на надзорната улога на Собранието за да бидеме поблиску до Вас, за политичкиот дијалог да се одвива тука, во Законодавниот дом, соопшти Џафери.

Важно е, како што рече, политичкиот дијалог, вкрстувањето на аргументите и битката за менување и подобрување на законските одредби за олеснување на животот на нашите граѓани да се одвива тука, во рамки на домот на демократијата.

Џафери во видео-честитка вели дека сите заедно не обединува Република Северна Македонија и оти мораме да градиме односи за заемна доверба, почит меѓу нас внатре и надвор со нашите соседи.

– Да вложиме несебичен труд и да ги надминеме рамките што не ограничуваат. Тогаш ќе успееме. Бидете живи, здрави и успешни, порача претседателот на Собранието Џафери. 

Собрание Талат Џафери честитка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.