Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев за НОВА: Ќе стојам прв на браникот за независност од влијанија

0
By Соња Крамарска on May 18, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бурата што ја предизвика Судскиот совет со експресната смена на претходната претседателка Весна Дамева и уште поекспресен избор на нов претседател, се уште не е стивната и се прераскажува низ судските кулоари. Новиот претседател Сашко Георгиев веќе закажа нова седница на Советот за 22 мај, која стручната јавност со нетрпение ја очекува за да види дали состојбите во врвот на судската хиерархија се стабилизирале или и натаму имаат тенденција на влошување.

Георгиев во изјава за НОВА осврнувајќи се на улогата на Советот и тој како негов претседател, во контекст на последните бурни случувања, рече дека основна цел на Судскиот совет е да не дозволи никакво влијание или било какви притисоци.

„Јас како негов претседател стојам прв на браникот на таквите влијанија и во никој случај нема да останам индиферентен доколку евентуално има такви притисоци или влијанија“, изјави тој.

„Очекувам за кратко време јавноста да го препознае тоа особено преку работата и остварените резултати на Советот, секако во рамките на неговите законски надлежности и овластувања“, додаде Георгиев.

Новинарите и експертската фела кои ги следеа турбуленциите во Судскиот совет ги оценија почетните чекори на новиот претседател како „лош старт“ бидејќи неговиот избор се случи речиси на „тајна“ и набрзина свикана попладневна седница на која ова тело кое се наоѓа на врвот на судиската пирамида и е задолжено да управува со судството преку транспарентни активности, се обиде на мала врата да направи три чекори во едно: Ја повлече одлуката за разрешување на Дамева, повторно ја стави на гласање при што ја изгласа, и воедно избра нов претседател.

Георгиев, давајќи оцена за критиките и за тоа што навистина се случило, во одговорот за НОВА ги отфрла обвинувањата за нетранспарентност и тврди дека седницата на која бил избран за претседател „беше јавна“, медиумите вели биле присутни и „се било дискутирано во јавноста“.

„На затворените седници за кои јавноста беше исклучена учестував како член на Судскиот совет, а седниците беа закажани од страна на заменик претседателот на Советот, додека јавноста беше исклучена поради дискусијата за нарушените меѓучовечки односи и со едногласна одлука за исклучување на јавноста која ја констатира заменик претседателот на Советот“, ни изјави тој.

Околу информациите дека Дамева била сменета затоа што сакала да покрене одговорност за судијата од Апелацискиот суд Енвер Беџети, и нашето прашање дали тој ќе покрене постапка за овој судија, Георгиев вели дека веќе се формирани комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судии и претседатели на судови.

Дали Георгиев се плаши дека ќе заврши како неговите претходнички Весна Дамева и Павлина Црвенковска? Се доби впечаток дека членовите и претседателот на Судскиот совет се лесна „мета“, премногу лесно им се влегува во мандатот, а имаше и некои пораки и од претходната претседателка Црвенковска дека е изложена на притисок.

На тоа прашање претседателот на Судскиот совет ни одговори со заобиколување.

„Претходните претседатели на Судскиот совет можат лично да се произнесат дали имале притисоци и влијанија во текот на траење на нивниот мандат. Јас и како претседател и како член на Советот ниту сум имал, ниту во моментот имам било какви притисоци или влијанија. Најодговорно тврдам дека нема да дозволам или да прифатам било какви надворешни влијанија, а доколку почуствувам такво нешто веднаш ќе интервенирам кај надлежните органи, а секако за таква состојба ќе ги известам и медиумите“, рече тој.

Од Георгиев, сепак не добивме одговор на клучното прашање: Зарем им требаше писмото од амбасадорката Агелер за да сфатат дека состојбите во судството се алармантни, и дали тоа писмо навистина беше причина за смената на Дамева?

Иако новиот претседател на Судскиот совет јавно се обврза на транспарентност па дури и подобрена транспарентност за разлика од претходните претседатели на Советот, не успеа обидот на НОВА преку прецизните прашања да ѕирне зад завесата на случувањата во Судскиот совет каде за кратко време се сменија двајца претседатели без убедливи причини, што дополнително влијаеше на падот на довербата во судството.

С.К.

Нова Сашко Георгиев Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.