Претседателот Стево Пендаровски за денеска во Вила Водно свика седница на македонскиот Совет за безбедност.
На седницата, како што соопштија од кабинетот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, се поканети да присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичкат