Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот Стево Пендаровски на Еврејската заедница во земјава и го честита најсветиот празник Јом Кипур

0
By Mirjana on September 16, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Северна Македонија.

-Дозволете ми во мое лично име и во име на сите граѓани на Република Северна Македонија да Ви посакам одбележувањето на најсветиот еврејски празник Јом Кипур ‒ празникот на помирувањето, покајанието пред Бога и простувањето, да го минете во духовен мир, молитва и надеж.

Овие денови посветени на пост и негување на традицијата се неопходни за одржување на чувството на душевен мир, особено денес кога современиот начин на живеење носи непредвидливост и неизвесност.

Премрежјата од минатото испреплетени со предизвиците во иднината, најсилно се чувствуваат во деновите посветени на Господ, а тие се исклучително важни за секој од нас посебно, но и за цврстината на нашите заедници и на општеството во целина.

Република Северна Македонија е благодарна за богатството на верските и етничките традиции на своите граѓани, меѓу кои особено е значаен придонесот и на Еврејската заедница.

Упатувајќи Ви Вам и на сите припадници на Еврејската заедница желби за благословен Јом Кипур, посакувам овој период во годината да Ви донесе мир, љубов и среќа, се наведува во честитката на шефот на државата по повод еврејскиот празник Јом Кипур.

Еврејска Заедница Пендаровски честитка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.