Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателска катарза

0
By Zoran Ivanov on June 26, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 26, 2026 09:59

ПР-службата на претседателката, од целиот несреќно составен говор, ја извлекла најнесреќната формулација, „Време е за катарза на човештвото“, како наслов на соопштението. Тоа не само што не ја спасува пораката, туку ја дотепува. Или, да бидеме коректни – токму „катарзата“ ја изложува најслабата точка од перформансот на Сиљановска-Давкова, инаку универзитетска професорка по повеќе правни дисциплини.

Џабир Дерала

Ваква анализа може да се направи за секој или – да не апсолутизирам – речиси секој јавен настап на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Повеќепати сум коментирал за тоа како во политичките говори изостанува јасност, а празнините се пополнуваат со патетика и општи фрази кои само навидум звучат промислено, а во суштина не се ништо освен јасен показател за плиткост, просечност и… Ајде, тука ќе застанам со атрибутите.

Говорот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата се очекуваше да биде свечен и достоинствен, па дури и со поетски шмек. Но јавноста доби само уште еден говор преоптоварен со големи зборови, метафори и морализирачки повици. Без јасна мисла, без прецизна порака и без одговорност пред изреченото на јавната сцена, поточно, на меѓународната јавна сцена.

Соопштението носи наслов „Време е за катарза на човештвото“. Леле!

Не е проблемот во зборот „катарза“ сам по себе. Во книжевноста, театарот и филозофијата, катарзата има свое место и тежина. Проблемот во овој случај се состои во начинот на кој овој збор е употребен – како голема, покајничка сцена за „човештвото“, со клечење пред „ѕидот на срамот“. Како и обично, во нејзиниот говор не се именуваат ниту одговорноста, ниту жртвите, ниту агресорите, ниту реалните политички и човечки обврски.

Катарза без адреса, субјект, одговорност…

Претседателката на Северна Македонија зборува за „бедата на светот“ и за „отчовеченото до непрепознавање човештво“. Тоа звучи поетски и грандиозно, но во суштина е само смеса од општи формулации, одамна тривијализирани. По својата општост, говорот на претседателката личеше повеќе на недовршен тинејџерски бунт отколку на државничка порака – „не знам зошто, но негодувам и протестирам“ – што секако е шармантно, па и значајно за таа возраст (да не бидам погрешно сфатен, не ги критикувам тинејџерите, тоа никако). Но не и за претседателка за која сум сигурен дека не е тинејџерка, бидејќи законски не им е дозволено на тинејџерите да се кандидираат за шефови на држави.

Кога светот навистина гори од војни, агресии, окупации, злосторства, сиромаштија и нееднаквост, моралните судови и квалификации бараат прецизност. Особено од шеф на една држава. Во спротивно, страдањето изгледа како да се користи како украс во говорот. Морбиден украс.

Говорот е преоптоварен. Се нижат слики и метафори: „мајстори на јазикот“, „алхемичари на мислата“, „магови на зборот“, „езерски самовили“, „јагули желни за Саргасовото Море“, „божји благослов“, „ѕид на срамот подолг и од Кинескиот“. Но таа бескрајна напрегнатост не се претвора во поетски настап. Слушнавме само еден реторички хаос, говор тежок за слушање. Ми падна и малку жал, кога видов колку труд се вложило во тоа претседателката да звучи длабоко – по секоја цена.

Мислам дека не смее да се изостави сериозниот проблем на претседателскиот кабинет и службата за односи со јавноста, пи-арот. Изгледа како да немаат капацитет да ја разберат задачата и функцијата. Како да не знаат дека се кабинет и пи-ар на претседателка на држава, со сите обврски што произлегуваат од таа функција. Кога така ќе се погледне, не е чудно што истата институционална средина се најде и во контекст на шпионската афера, која државниот и владиниот врв се обидоа да ја збришат од јавниот дискурс. Но да не одиме толку длабоко во политички и безбедносни води, и да се задржиме во „длабочините“ на поетскиот настап на поетскиот фестивал.

ПР-службата на претседателката, од целиот несреќно составен говор, ја извлекла најнесреќната формулација, „Време е за катарза на човештвото“, како наслов на соопштението. Тоа не само што не ја спасува пораката, туку ја дотепува. Или, да бидеме коректни – токму „катарзата“ ја изложува најслабата точка од перформансот на Сиљановска-Давкова, инаку универзитетска професорка по повеќе правни дисциплини. Компетентна комуникациска служба ќе препознаеше дека пораките за поезијата како отпор, за Струга како светско место на поетската средба или за книжевноста како човечка потреба – ќе беа далеку посилни и поприродни.

Во „катарзата“ на претседателката има и низа непотребни грубости и нејаснотии. Не сум формалист, тоа знаете, но изразот „кастрирани емоции“ е несоодветен и невкусен, барем не за ваква свечена пригода. А коментарот за „семоќната и сеумна“ вештачка интелигенција звучи како лесна и површна досетка, колку да се фати чекор со актуелните теми, па морало да се воспостави некоја врска помеѓу технологијата и уметноста. Притоа, во текстот се појавуваат јазични, печатни и редакциски пропусти. Така, впечатокот дека пи-ар службата е крајно невнимателна станува комплетен.

Претседателката има право да говори поетски на поетски фестивал. Тоа некои дури и би го очекувале. Но поетски говор не значи натрупување метафори. Државничкиот говор не значи патетика. А моралните пораки во тој говор не значи дека претседателката треба да упатува повик кон некое апстрактно „човештво“ да клекне пред срамот, додека конкретните причини за тој срам остануваат неназначени.

На крајот, најголемиот проблем не е што претседателката со говорот сакала да звучи возвишено. Проблемот е што тој обид завршува со сеење магла. А таа магла, особено кога доаѓа од највисоката државна функција, не просветлува. Таа само прикрива, а во случајов открива нешто сосема друго – нималку добро.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

колумна ЦивилМедиа Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.