Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024

0
By Zoran Ivanov on April 30, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 30, 2024 21:51

30-ти април

 Стево Пендаровски: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Куманово – Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски вечерва ги повика кумановци на масовна излезност на изборите на 8 мај за државата, како што рече, да продолжи да чекори по европскиот пат.

Во однос на изборните резултати од првиот круг, Пендаровски посочи дека имало седум кандидати и дека затоа разликата е таква. Петте кандидати кои отпаднаа во првиот круг, како што истакна, заедно имале 330.000 гласови кои се блиски до концептот што тој го застапува. Сепак, рече дека нема да ги добие по автоматизам и побара граѓаните да продолжат да се залагаат за концептот којшто носи иднина и прогрес.

Во  тој случај полесно и побрзо луѓето ќе се решат масовно да гласаат за нас, наместо да им дадат шанса на овие од другиот политички блок кои веќе себе си се прогласија за победници. Слушнав дека делат ресори, министерски, директорски, началнички места. Да не се обескуражувате во вториот круг. Првин влегуваме во формална смисла од нула. Иако противкандидатката гледам дека инсистира на тоа дека се собираат резултатите од двата круга, почнуваме од нула и секој од вас треба добро да размисли пред да го даде гласот за број 1 или 2, рече Пенсаровски.

Нагласи дека имаат суштински разлики со неговата противкандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која, како што рече, заговара носење на нов Устав затоа што наводно односите меѓу заедниците биле пред многу години и новото време барало уредување на меѓуетничките односи на нов начин.

Ако некој го оспорува Рамковниот договор, а вие живеете во мултиетнички град, вие знаете што тоа значи, наместо да влеземе во промена на Уставот за да одиме напред кон Европа, таа госпоѓа поддржана од нејзиниот партиски лидер сакаат да направат некаков граѓански Устав, кој ние сме го имале во некои периоди и ќе доведе до конфликти на меѓуетничките заедници. Станува збор за прилично сериозен политички концепт, којшто ако го поддржат граѓаните масовно или во мнозински број на 8 ми мај,, може да не врати сигурно назад 15-20 години бидејќи од таа 2001 година има поминато 23 години, рече Пендаровски.

Во однос на дебатите со Силјановска-Давкова, Пендаровски рече дека таа не одговорила на суштинските прашања за државата.

Дали ќе го репреговараат Договорот што го имаме со Брисел и зошто би го репреговарале кога таму е гарантиран македонскиот идентитет и јазик  и дали имаат намера да влегуваат во уставни промени кои се ризични сами по себе за што било во мултиетничка држава, рече Пендаровски.

Додаде дека не ги дели граѓаните по никаква основа и дека токму затоа слоганот на неговата изборна кампања е така избран.

Според Пендаровски, економијата треба да биде приоритет за да се задржат младите да не се иселуваат од државата.

Со овие слушнавте приоритет е промена на Устав, промена на односи меѓу заедници, јас не верувам дека тоа треба да биде приротиет, треба леб за овие луѓе, работа за овие млади, инаку ќе се доиселат. Има страшни демографски трендови последните 15-20 години државата се празни, никој нема намера да верува во шарени лаги дека ќе му направиш подобар живот со тоа што ќе репреговараш договори кои не вратија во нормала, рече Пендаровски.

Гордана Силјановска Давкова: Не мора да влеземе во ЕУ за да ја градиме економијата

Кавадарци – Денес се одржа четвртата трибината од циклусот Македонија повторно горда за претставување на изборната програма на кандидатката за претседател на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

Еден амбасадор, мој пријател, рее Силјановска Давкова, често ми вели дека секогаш кога ќе појде во Кавадарци гледа нешто ново што го инспирира. Се сеќавам дека порано економската дипломатија на Македонија беше инспирација за сите соседи. За жал, последниве години не е така. Јас постојано мислам дека ако како мала земја, имате културна и спортска дипломатија, многу е важно да имате и економска дипломатија. Како претседателка, во однос на економските прашања, секогаш ќе се залагам, и кога одам надвор, и кога дочекувам званични лица, прво ќе се консултирам со економски тим. Да не говорам за средбите со стопанските комори. Не мора да влеземе во ЕУ за да ја градиме економијата, можеме и претходно.

Еден од моите приоритети како претседателка ќе биде заедно со владата да поднесеме барање за итен влез во единствениот европски пазар, рече таа.

На тој начин, македонската економија, македонските компании, македонските институции ќе ги уживаат сите придобивки на Европскиот економски простор. Се разбира дека како претседателка ќе инсистирам и на економска соработка со дијаспората, ама мислам дека предуслов за тоа е владеењето на правото и правната држава.

Една од најважните функции на претседателот е предлагањето на гувернерот на Народната банка. Во тој дел, истакнувам дека еден одговорен претседател треба првично да се консултира со луѓе од економијата и да го избере најдобриот. Само со вистинските луѓе на вистинските места можеме да одиме напред.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.