Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024

0
By Zoran Ivanov on April 9, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 9, 2024 23:02

9-ти април

Стево Пендаровски – Делчево:

  • Овие избори се многу важни, затоа што од нив зависи дали Македонија ќе продолжи по истата патека и истата магистрала кон Европа и кон развиениот свет или ќе се враќа назад во името на режимот, во кој државата беше цели 11 години.
  • Како претседател најголемата работа која ја направивме, за која ни требаше многу памет многу искуство, многу напор и многу време е што го постигнавме договорот со Грција и конечно станавме членка на НАТО. Тоа е според мое убедување најважната работа која сме направиле по 91-та година.
  • Втор чекор е што после 17 долги години чекање, се започнаа преговорите со Европската Унија но, за жал кога требало да се продолжат преговорите со европската Унија како држава наидовме на двојна опструкција една од надвор од Бугарија и една од внатре но за опозицијата ова било смртен грев, а без притоа да дадат одговор која е нивната алтернатива.
  • Нема стратешка одлука без ветер во грб од граѓаните. Ви благодарам што нè поддржавте во сите тешки одлуки за државата, додаде Пендаровски.

Гордана Сијановска Давкова – Куманово:

  • Ќе составам мал претседателски кабинет но со најкомпетентни лица.
  • Треба да се продолжи со регрутирање на дипломатите од редот на оние кои се дипломати од кариера.
  • Во комисијата за надворешни работи, наместо како досега воопшто да не се појавуваат, треба кандидатите за дипломати за да образложат што ќе прават во другите држави.
  • Во Судскиот совет ќе предложам врвни правници кои се почитувани во својата фела.
  • Сами треба да си ја земете судбината во вашите раце.

Стевчо Јакимовски – Кавадарци:

  • Мојата заложба ќе оди во насока на отворање на нови пазари, а имајќи предвид дека со војната во Украина македонските земјоделци го загубија белорускиот и рускиот пазар.
  • Претседателот на државата мора да ја развива и економската дипломатија.
  • Целата воена опрема што ја имавме и хеликоптерите и „Сухоите“ и ракетните фрлачи и така натаму, сѐ што можевме да дадеме, дадовме, – – Во мене земјоделците ќе имаат сигурен поддржувач, грижата за земјоделците е многу важна.
  • За изгубените пазари и воведените санкции македонските земјоделци не добиваат никакви компензации, значи тука тоа прашање мора да го отвори претседателот на државата, смета Јакимовски.
  • Како претседател ќе инсистирам за поттик и развој на наменската индустрија и отворање катедра за вооружување на Машинскиот факултет.

Бујар Османи – Скопје.

  • Нема алтернатива за уставните измени. Нема да има влада без уставни измени. И уставните измени ќе почнат да се имплементираат веднаш по изборите.
  • Мојата првата задача, мој прв завет во оваа кампања е ЕУ до 2030 година.
  • Ако ја пропуштиме оваа шанса, ако го пропуштиме овој историски прозорец на можноста, ќе ни се случи Преспа 2, ќе ни се случи 20 години блокирање во коишто дополнително ќе ја изгубиме и сржта на нашата младина, на нашите граѓани, на нашиот човечки капитал.
  • Опозициската ВМРО-ДПМНЕ шири лажен патриотизам. Ннјавуваат дека нема да го спомнат уставното име после изборите, а ги потпишале сите листи за кандидатури за претстојните избори со уставното име.
  • Кочењето на европската интеграција е најголемото предавство што може кој било политичар или политичка партија да го направи кон сопствениот народ.

 Билјана Ванковска Мирчевска – Неготино:

  • Конечно да почнеме да дишеме слободно како слободна држава, да си ја земеме судбината во свои раце
  • Да престанеме да бидеме колонија, да престанеме да бидеме заложници на локални олигарси, феудалци кои ги држат сите во заложништво. Конечно да почнеме да дишеме слободно како слободна држава, да си ја земеме судбината во свои раце.
  • Македонците веќе се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава.
  • Решенијата што ги содржи мојата програма се многу директни, нема двоумење и дискусија. Ги раскинуваме трите договори што влечат надолу. Мојата порака е дека Европската Унија е бајка.

Арбен Таравари – Скопје:

  • Најискрени честитки до сите муслимански верници во пресрет на светиот ден Рамазан Бајрам. Се наоѓаме на последниот ден од благословениот месец Рамазан, месецот на жртвување и солидарноста. Ја користам оваа прилика на секој муслимански верник да им го честитам Бајрам. Ви посакувам да ги поминете најубавите моменти со членовите на вашето семејство, посакувајќи им здравје , просперитет и среќа.

Максим Димитриевски – Тетово:

  • Досегашните претседатели се покажале дека повеќе се верни на партијата која ги номинирала, отколку на граѓаните кои ги избрале и тоа треба да се промени.
  • Ниту еден претседател во историјата на оваа држава, со исклучок на поединци со доблест и став, не се одважија во ниту една прилика да кажат не.
  • Никогаш закон кој се прави измени во Кривичниот законик за само-амнестирање на овие актуелни и оние коишто беа, а притоа да молчам.
  • Македонија бара претседател којшто ќе излезе од граѓаните и ќе биде претседател на граѓаните, со граѓаните, секојдневно да ги чувствува нивните маки и проблеми и да ги споделува.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.