Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024       

0
By Zoran Ivanov on April 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 12, 2024 21:55

12-ти април

Кандидатите за Претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Билјана Ванковска и Максим Димитриевски на средби со граѓани во општини и на митинзи во поголемите градски Центри. Во рамките на нивната изборна кампања за првиот изборен круг на 24-ти април тие денеска меѓу граѓаните со  пораки, ставови, идеи, понуди. Нова со акценти од нивните денешни настапи. По ред, согласно гласачкото ливче што со ждрепка го утврди ДИК.

Стево Пендаровски – Скопје:

  • Точно за еден месец од денеска започнува мојот втор мандат;
  • Стојам секоја своја одлука бидејќи резултатите се видливи;
  • Не е сечија заслуга што државата 4 години е членка на НАТО, најголемиот воен сојуз и загарантирана е нејзината безбедност;
  • Ако немавме надворешна блокада од Бугарија и внатрешна од ВМРО-ДПМНЕ, за неколку години земјата ќе беше полноправна членка и на ЕУ.
  • На земјава и требаат политичари кои ќе работат за подобра иднина на следните генерации и затоа на 24 април граѓаните масовно ќе излезат и ќе заокружат број 1.

Гордана Сијановска Давкова – Гостивар:

  • Никогаш нема да одам на преговори и да разговарам за Македонија без да се консултирам со собранието и владата;
  • Сите парламенти се главни креатори на сите политики, па и на надворешната и на безбедносната политика и таму треба да оди претседателот но не само како Дедо Мраз пред Нова година, туку многупати;
  • Ќе продолжам да се борам за рамноправност, а претседателот е тој што го отсликува народот.

Стевчо Јакимовски: Скопје

  • Состојбата кај пензионерите ни е во катастрофална состојба;
  • Ниту еден пензионер, односно ниту едно пензионерско семејство не смее да има помалку од 25 илјади денари;
  • Ако едно семејство има 18 илјади денари пензија, до 25 илјади денари, од социјалната политика, од социјалната заштита, ќе добиваат уште 7 илјади денари;
  • Поголем е бројот на пензионерите што имаат повисоки пензии и можат да си овозможат нормално функционирање на нивното пензионерско семејство се се` помалку и се` повеќе граѓаните преоѓаат во овој дел каде што се под егзистенционален минимум и тоа мора да го промениме.

Бујар Османи – Скопје:

  • Ќе се заложам да бидам компас на евроатлантската ориентација со фокус кон САД;
  • Стратешкиот дијалог ќе го подигнам на ниво на претседатели на држави на највисоко можно ниво;
  • Првата работа што ќе ја направам доколку бидам избран за шеф на државата ќе закаам состанок со лидерите на партиите кој ќе трае се додека не се постигне консензус за Европската унија;
  • Оној што одбива да ги прифати уставните измени ги предава стратешките партнери бидејќи компромисот е постигнат со нивна помош;
  • Нема поголем ризик за овој регион, за оваа држава отколку САД да го повлечат интересот од овде.

Билјана Ванковска Мирчевска – Македонска Каменица:

  • Вест на денот е дека нема да има дебати заради што граѓаните нема да бидат во можност да ги слушнат моите аргументи;
  • Ппостојано во овој дел од Македонија, но и во останатите, се соочува е со иселување на она што е најдоброто и она што е најсакано. Мојата цел е насочена кон решавање на проблемите на граѓаните поради кои се исселуваат;
  • Имам решенија и визија, нема да инвестираме пари во воени цели, туку во социјални и развојни цели.

Арбен Таравари – Скопје:

  • И јас и партиите што ме подржуваат им ветуваме на луѓето дека тука ќе се инвестира бидејќи Скопската чаршија е оставена на маргините, а заслужува многу повеќе;
  • Водам позитивна кампања и внимателно ги следам останатите претседателски кандидати и досњга кампањата е коректна;
  • Единствена забелешка се притисоците кои се вршат врз вработени во администрацијата од страна на нивните директори и раководители;
  • На 9-ти мај, на Денот на Европа, ќе имаме влада со нов состав.

Максим Димитриевски – Демир Капија:

  • Винопроизводството, одгледувањето на виновата лоза е дополнителен приход за секое семејство, но и зголемување на бруто домашниот производ и од позиција на претседател ќе иницирам нови законски решенија за директна помош;
  • Истото ќе го сторам и за семејните активности да се трансформираат во семејни бизниси, а малите бизниси да се трансформираат во средни бизниси.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.