Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024 – Кандидатски промоции               

0
By Zoran Ivanov on April 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 7, 2024 23:31

Како што НОВА веќе најави, од кампањата за првиот круг за претседателските избори 2024, натаму, по првите три кампањски денови, ќе известува редуцирано, сублимирано и збирно освен, секако, доколку кандидатките и кандидатите или некои од нив, не настаат со поинакви гледишта отколку од нив досега презентираните, а кои во првите три кампањски денови ги повтортуваа идентично.

Стево Пендаровски – Охрид:

  • Тие ја сакаат Македонија само кога се на власт, ние ја сакаме и кога сме и кога не сме.
  • Во времето на ВМРО-ДПМНЕ имаше две групи на граѓани, односно нивни и наши, симпатизери на ВМРО и останати. За разлика од сегашната владејачка структура која не направи крупни стратешки грешки со кои би била загрозена државата, ВМРО – ДПМНЕ, правеше и крупни и ситни грешки.
  • Не можам да замислам да кажуваш дека си претседател на сите, а да има некој над тебе, некој кој ќе ти кажува како да работиш. Таков е случајот со Силјановска и со Мицкоски. Овој што ја поддржува сака да биде и претседател и премиер.
  • Македонските национални интереси се бранат само со пријатели, а не со политика што води кон изолација.
  • Втивме дека Македонија ќе ја направиме членка на НАТО и тоа го направивме после 25 години статус на кандидат.
  • Огромен исчекор направивме и во преговорите со ЕУ, после 17 години во чекалната конечно ги отворивме преговорите. За жал, во моментот кога најмалку тоа го очекувавме нашиот источен сосед постапи комплетно антиевропски и не блокираше на тој пат. Меѓутоа и со тоа можевме лесно да се избориме ако внатре во државава немавме опозиција која ‘де факто’ е на истите антимакедонски позиции и ги поддржува сите опструкции кои ни доаѓаат од таа страна.

Гордана Силјановска Давкова – Кочани:

  • Знам дека Уставот е зрел за промени и мислам дека е крајно време една одговорна власт да направи широко експертско тело што ќе ги утврди проблемите во него. Има работи што треба да се сменат за да имаме стабилна и функционална држава.
  • Јас нема да се оттуѓам од вас, нема да бегам од вас, туку ќе бидам меѓу вас и ќе ги вратам народните канцеларии за да бидеме во постојана комуникација. Не за да бидам адвокат или ваш судија, туку за да се обратам пред Парламентот, предочувајќи ги вашите проблеми и интереси и барајќи законски решенија и одлуки за да ви го разубават животот, оти се срамам да кажам дека припаѓам на најнесреќниот народ во Македонија.
  • На највисоките позиции да се најдат најстручните и најкомпетентните, а претседателот да посегне по помилувања тогаш кога ќе ја брани правдата, да дели награди и признанија таму каде што има основ и на тоа да се надоврзе и одговорна влада која ќе соработува со претседателот.

Стевчо Јакимовски – Скопје:

  • Жал ми е што бројот на тие таканаречени европски ориентирани политичари се зголемува. Јас и мојата партија не сме подготвени да ги предадеме Република Македонија и граѓаните.
  • Да јакнење на улогата на Македонија во НАТО структурите и во Европската Унија и повеќе почит за Македонија и за нејзините граѓани.
  • Мојата мисија би била да се дигне дигнитетот на Република Македонија, она што бараме е само малку повеќе почит за Македонија и за граѓаните и она што мора да ѝ го соопштиме на Европската Унија е дека ние сме подготвени да чекаме пред вратата на Европската Унија до 2030 година, а потоа не сме подготвени.
  • Со изјавата за вметнување на Бугарите во Уставот со дејство кое ќе биде одложено, Максим Димитриевски влегува од скриена во отворена коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истиот став што го има ВМРО-ДПМНЕ.
  • Чудно е што таа изјава Димитриевски ја дава од пред Македониумот во Крушево, од најсветото македонско место за да нѐ понижи нас, Македонците.
  • Таква изјава се дава во Софија каде ќе го почестат. Треба да знае дека Бугарите се тие кои не им пружиле помош на Македонија и на востаниците.

Бујар Османи – Скопје.

  • Најважен приоритет ми биде формирање на меѓународен борд составен од претставници од Соединетите Американски Држави, Европската Унија, НАТО и во координација со институциите во земјата кои ќе го направат сертифицирањето на сите носители на јавни функции во две насоки, дали имаат некаква поврзаност со руските интереси и дали се вмешани во каква било форма на корупција.
  • Корупцијата на високо ниво е најголем проблем ги јаде парите на граѓаните кои што може да бидат ориентирани за јавни услуги и подобар квалитет на живеење, но и дека не треба да забораваме на секојдневната корупција со која се соочуваат граѓаните. Мораме да го видиме сеопфатно тој процес и да ја исчистиме корупцијата. Јас мислам дека тоа можеме да го направиме ако прво ја исчистиме корупцијата на високо ниво, бидејќи таа ги јаде најголемите фондови во државата, изјави Османи.

Билјана Ванковска Мирчевска – Тетово:

  • Ни ја зедоа државата. Нема веќе демос, има само етнос. И кога една од противкандидатите зборува за гордост јас се прашувам кога тоа ние во скоро време сме биле горди. Јас зборувам за достоинство. Достоинството е да достоиш на својот принцип, а потоа можеш да бидеш горд.
  • Не сум тука само да учествувам. Одиме по потешкиот пат. Поведро и подонстоинствено не можеме да го направиме тоа.
  • Сѐ штo треба да направиме е да ги мотивираме граѓаните зад параванот.
  • Противкандидатите бегаат од директни соочувања што не доликува на една демократија.
  • Понатаму додаде дека сите кандидати меѓусебно ќе си се сложат. На крај ќе излезе дека сите се за Бугарите во Устав. Само јас сум против“, рече Ванковска.

Арбен Таравари – Тетово:

  • Да поченеме денцентрализација и во здравството. Да почнеме да децентрализираме и зборувавме и за другите предлози кои се интересни, кажани од нашите колеги, не само за медицина, фармацевтски, стоматолошки дел, изјави Таравари.
  • До сега кампањата е релативно коректна, освен што институциите на системот за жал, се политизирани и од тоа за жал не можеме да побегнеме. Дека има одредени притисоци врз луѓето, тоа е вообичаено, и не го сметаме за нешто, да речам вонредно, и нешто што не го предвидувавме.

Максим Димитриевски – Струга:

  • Македонија мора да продолжи на патот на евроинтеграциите, но не по секоја цена, бидејќи мора да влеземе во Европската унија со крената глава како Македонци и како засебна нација, како што била и како што е во моментот по основните заложби на Крушевскиот манифест, порача од Струга.
  • Следната политичка елита, кој и да е на власт, треба сериозно да се посвети на ова поле и да ја разработи преговарачката рамка со ЕУ и билатералното прашање да се реши на релација Скопје  – Софија.
  • За да станеме членка на Европската унија првенствено треба да ја средиме државата да личи на држава.
  • Доколку ја добијам довербата на граѓаните, ќе се борам за народот и државата па ако се вее македонското знаме тука, во Охрид, ќе мора да се вее и во Кичево.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.