Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024 – Седумдневен серијал интервјуа на МИА со седумтемина претседателските кандидати – акценти во избор на НОВА

0
By Marija Todorovska on April 5, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бујар Османи

Претседателот на државата треба да биде сврзно ткиво на различните политички и етнички наративи. Неговата улога е татко на нацијата и треба да е креатор и постојано да повикува на постигнување на државен консензус. Државен политички консензус, меѓутоа и државен економски консензус. Пред се, консензус за забрзано членство во Европската Унија.

Созреани се условите граѓаните да гласаат за компетентноста, а не за етничка припадност и постојат сериозни шанси граѓаните овој пат да ги надминат етничките линии и да се одлучат за кандидат којшто може да обезбеди прогрес на државата.

Претседателот прво треба да биде компас на геостратешката ориентација на државата. Тоа е многу важно прашање посебно во услови на надворешни малигни влијанија.Треба да биде сврзно ткиво на различните етнички и политички наративи. Северна Македонија е една од најуспешните функционални мултиетнички демократии не само во регионот, туку и пошироко. 

Предлагам економски рамковен договор како што постигнавме државен консензус по однос на Охридскиот рамковен договор. Договор меѓу сите партии од целиот политички спектрум, ако треба и со меѓународна помош. 

Членството во ЕУ нема алтернатива. Никој не успеал без Европската Унија од помалите држави во источниот блок. Сите политички партии од двете страни на спектарот треба да постигнеме државен консензус дека ќе се натпреваруваме се разбира кој ќе понуди подобро решение за здравството, кој ќе понуди подобро решение за образованието. Меѓутоа, по однос на главните прашањ,а членство во Европската Унија до 2030 година, мора да си дадеме рака, мора да постигнеме натпартиски консензус. 

Како претседател на државата ќе иницирам и формирање на меѓународен борд составен од НАТО, Европска унија и САД којшто би ги сертифицирале сите носители на јавни функции – од политичкиот живот, институционалниот, правосудниот систем и тоа по однос на два правца: првиот, дали имаат каква било конекција со рускиот интерес. Значи, верификација дека ниеден носител на јавни функции не може да претставува руски интерес во оваа држава и второ, дали се инволвирани во какви било коруптивни дејанија. И предлогот ми е да никој не може да биде, да стане носител на јавна функција министер, директор, судија, обвинител без да го добие тој сертификат.

Од останатите кандидати се разликувам по компетентноста. Меѓу кандидатите сум единствениот со меѓународно искуство меѓу кое и претседавач со најголемата регионална безбедносна организација во светот ОБСЕ.

Бујар Османи Избори 2024 интервју претседателски избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.