Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024 – Седумдневен серијал интервјуа на МИА со седумтемина претседателските кандидати – акценти во избор на НОВА

0
By Marija Todorovska on April 8, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Билјана Ванковска – Цветковска

Прво што би направила е раскинување на договорот со Бугарија, како и отворање на уставна дебата и процедура за промена на целиот Устав, не „овде ќе закрпиме, овде ќе залепиме или ќе додадеме“, туку комплетно нов Устав.

  • Сега во кампањата, мојата главна цел е да покажам колку ние со Левица сме различни од сето она што постои на политичката сцена. Во Македонија не можете да најдете десно, лево, центар. Се е тоа некој бленд, микс, мислам дури и дека нема идеологија. Кај нас има идеологија. Меѓутоа, идејата да го деконструираме оној владејачки дискурс и концепт за општеството во кој постојано ни велат нема алтернатива за ова, нема алтернатива за ова и на крај граѓанинот е пасивизиран и вика „сите се тие исти“.

Ванковска најавува скромна кампања, без спектакуларни митинзи, бини, огномети, карвани со автобуси. Сето тоа што досега го виделе ние нема да го имаме вели таа и нагласува дека сепак ќе биде видлива и препознатлива на сите можни начини од делење флаери, средби со граѓани, некој посебен весник, малку билборди. На прашањето од кого очекува поддршка на изборите, вели дека во текот на кампањата се обидуваат на една социјално-класна основа да допрат до луѓето, а како фактор на изнендување ги смета луѓето кои не сакаат јавно да се експонираат.

  • Ќе бидам сосема искрена да кажам дека тука лежи оној адут на кој ние сметаме и мислам дека ќе изненадиме и тоа многу. Токму доаѓам од неколку места каде што имав некои практични работи да завршам пред ова интервју во кои луѓето приоѓаат и велат јас намерно не ставам лајк на вашиот профил или на Левица, намерно не се експонирам, меѓутоа јас сум за вас затоа што се плашат, тие имаат бизниси, имаат работни места некогаш и по институции, вели меѓу другото кандидатката за претседател на државата.

Според Ванковска, Рамковниот договор си ја завршил својата работа, а ако сакаме понатаму треба да се соочиме и отвориме дебата, а не тој да се смета како табу тема и нешто за што не смее да се разговара. Дваесет години Рамковниот покажа дека од час во час ние завлегуваме во една либанизација, во една уште уставно втемелена етничка сегрегација која веќе доаѓа до апсурд, веќе немате ниту една институција која можете да ја конституирате без да го имате и етничкиот фактор. Во граѓанските држави, во вистинските демократии каде што демосот, граѓанинот владее, тоа не е природна работа, така што мојата поента е дека Рамковниот договор си ја заврши својата историска функција и ако сакаме понатаму треба да се соочиме или одиме во бинационална федерална или федерализирана држава или ќе се вратиме и ќе бидеме како нормалните држави.

Според Ванковска, тоа е доведено до ситуација на политика на уцена во која македонскиот народ и Македонецот е уценет од сите страни – од надвор го уценуваат и соседи и ЕУ и Америка, дома Албанците, така што фрустрацијата е разбирлива.

На прашањето за нејзиниот прв чекор доколку застане на чело на државата, таа вели дека прво ќе го раскине договорот со Бугарија, а потоа ќе отвори дебата за целосно нов Устав.

  • Ние мора да се свртиме кон сопствените национални интереси и да го издигнеме и оној наш национален дигнитет, достоинство. Нам ни треба комплетно нов Устав. Јас сум, затоа велам една таква радикална дебата. Еднаш мораме да излеземе од стравот да разговараме за Рамковниот договор за 2001-ва, хашките злосторства…, изјави Ванковска.

Прашана од кого очекува дека би можел да и честита победа и дали таа би честитала, Ванковска рече дека, ако има минимум политички бонтон „би требале да си честитаме сите барем дека сме го изоделе патот, дури и да не е победа, дури и да е пораз“, велчи Билајан Ванковска Цветковска во интервју за Медиумската информативна агенција.

Билјана Ванковска Договор со Бугарија избори интервју МИА Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.