Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024 – Седумдневен серијал интервјуа на МИА со седумтемина претседателските кандидати – акценти во избор на НОВА

0
By Marija Todorovska on April 13, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стево Пендаровски:

Стево Пендаровски, актуелен шеф на државата, кој се трка за уште еден петгодишен мандат на претстојните претседателски избори во интервју за МИА вели дека зад себе има мандат без дамки и смета дека тоа го препознаваат мнозинството од граѓаните. Тој учествува на изборите, како што посочува, не само за да биде дел од трката, туку за да победи и појаснува дека ова го изнесува врз основа на реакциите кои ги добил од граѓаните, а не „врз основа на анкетите, кои ги спомнува господинот Мицкоски“. Вели реалните анкети покажуваат дека македонските граѓани во мнозинство се задоволни од она што се случувало во претседателскиот кабинет изминативе пет години.

Во однос на тоа како ќе ги убеди граѓаните дека токму тој е вистинскиот избор нагласува дека неговиот политички профил е познат многу години наназад и смета дека ретко кој во историјата на македонската политика бил комплетно транспарентен во тоа што го правел.

  • Нема ден да помине, а да нема граѓани во мојот кабинет или јас да отидам негде надвор од кабинетот да разговарам со луѓето пред камери, се разбира. Навистина мислам дека нема потреба дополнително некого да убедувам да речам – ама не ме знаете, сепак јас да ви кажам уште нешто. Мислам дека навистина се’ сум кажал. Во изминативе пет години, тоа го кажав и на некои собири со граѓани вчера, завчера, имам поминато 80 илјади километри низ Македонија. Значи, не сум бил затворен во кабинет, вели Пендаровски.

Во однос на барањата на албанските партии шефот на државата да се бира во Собрание, Пендаровски вели дека не се согласува со тој став и оти претседателот со сегашните надлежности, кои извираат од директен избор од граѓаните има многу поголема морална сила или поткрепа.

За неговиот предлог за ветинг на судии, јавни обвинители, но и на сите политичари од ’90-те до денес и колку тоа е спроведливо или само предизборна реторика, вели постојат правници кои нудат модалитети, потребно е да се направат законски измени, но нагласува дека тој ветинг не значи дека автоматски политичарот треба да оди во затвор, туку дека не треба да се занимава со политика. Како можност го спомена и Законот за рестриктивни мерки, поврзан со црната листа на САД, кој не доби поддршка од Собранието.

Во однос на евроинтеграциите, неспроведените уставни измени, необезбеденото двотретинско мнозинство, веќе познатите ставови на политичките партии, Пендаровски вели дека таа задача останува на следниот Парламент и на следната владата, бидејќи таму евентуално би требало да се донесат тие уставни промени.

  • Знаете дека и мојот став е познат за таа работа, дека две години наназад сегашнава опозиција немаше интерес тоа да го направи исклучиво од аспект на партиските интереси. Тие на тоа прашање ја кренаа максимално националистичката реторика, почнаа да го плашат народот со бугарски предлози, диктати, само како Бугари ќе влеземе во ЕУ наводно, тоа се класични будалштини. Ако евентуално тие утре бидат на власт ќе мора да им објаснат на граѓаните зошто две години наназад организираа протести, правеа невидена политичка пропаганда и една жестока националистичка реторика со која го плашеа македонскиот народ пред се дека нема да бидат Македонци повеќе со тој наводен француски предлог под наводен бугарски диктат, истакна Пендаровски.

За македонско-бугарските односи, последните индиректни обвинувања од бугарското МНР дека шири говор на омраза и како тој доколку добие втор мандат би се обидел да ги затопли односите, имајќи ја предвид сегашната реторика, вели дека за танго се потребни двајца.

  • Во изминативе три години Бугарија направи неверојатна стратешка грешка прво кон македонскиот народ, подоцна кон целата наша држава. Значи, просто не можете со 19-то вековна реторика да очекувате дека ќе направите простор за подобри билатерални односи. Нивното однесување беше неевропско, недемократско, точка. Ако продолжат и понатаму, сега гледам веќе закажуваат нови избори, не знаеме кој ќе биде понатаму на тие избори. Ако продолжат со истата реторика, истата политика кон нас не може да очекувате дека ние од тука ќе речеме добро, во ред е, ќе се согласиме на се’ што барате, бидејќи 99 проценти од бугарските барања се небулозни, 99 отсто од нивните барања се тежок национализам.

-Ние понудивме објективно во сите тие разговори и преговори со Брисел, бидејќи со Бугарите многу рано стана јасно дека со нив не можете да се договорите во директна билатерала. Гледате како работеше поточно не работеше историската комисија, таму тие се обидуваа од позиција на сила да ги диктираат нивните историски наративи што беше неприфатливо, таму нема никаков напредок последниве две години. Нашата позиција е јасна. Ние ќе продолжиме на истиот начин да разговараме со аргументи и да зборуваме за европски принципи, не за 19 век, не за Санстефанска Бугарија, не за не знам кое востание од не знам која година. Дајте да видиме сега што е проблемот. Значи, можеме да разговараме само од аспект на човековите слободи и права визави малото бугарско малцинство кое живее овде и од аспект на општото ниво на демократија во Македонија.

Според неговите сознанија, а и коментирајќи ја изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека будно ќе ги следат изборите и евентуалните странски мешања, нагласува дека засега нема такви индиции. Вели некакви помали обиди постојат од ентитети, кои, пак се поврзани со, како што вели, малигни актери поврзани со Русија.

  • Меѓутоа, морам да ви кажам до овој момент мешањето на Русија во нашите избори е многу на пониско ниво отколку што беше на пример за мојот прв избор во 2019. или не знам за референдумот 2018-та, бидејќи Русија немаше никаков интерес Македонија да стане членка на НАТО. Досега мојата претпоставка е дека тие се комплетно апсорбирани со сите ресурси што ги имаат во таа сфера со инвазијата што ја направија во Украина. Сега се обидуваат да му контрираат на западниот наратив за нивната илегална војна во Украина. Не се премногу посветени на Балканскиот регион и додава дека тие обиди можеби ќе се засилуваат со приближување на првиот, а особено на вториот изборен круг, вели актуелниот претседател и кандидат за втор мандата за претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

 

Избори 2024 интервју МИА претседателски избори Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.