Повеќемина интелектуалци, академици, професори, лекари, свештени лица, уметници и спортисти се потпишале на иницијатива, со која се бара повторен избор на Ѓорге Иванов за претседател на Република Македонија и која ќе биде упатена до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, објави во саботата телевизијата „Канал 5“.
Иницијаторите сметаат дека Иванов заслужува уште еден мандат и бараат на конвенцијата на 1 март да му се даде безрезервна поддршка.
Меѓу потписниците на иницијативата, според Канал 5, се екс-претседателот на Собранието и амбасадор Љубиша Георгиесвки, академиците Цветан Грозданов и Томе Бошевски, владиците Агатангел и Пимен, оџата Зекир Садикоски, докторите Андон Чибишев, Аспасија Софијанова, драматургот Бранислав Димитров, режисерот Дејан Пројковски, спортистите Индира Кастратовиќ и Наумче Мојсовски.




