Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори во Франција – 12 кандидати учествуваат во првиот круг

0
By НОВА ТВ Balaban on April 10, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Аналитичарите сметаат дека Ле Пен ја зголемила својата популарност зборувајќи за куповната моќ и грижите на Французите, но и поради падот на популарноста на кандидатот, исто така, на екстремната десница Ерик Земур.

Речиси 49 милиони Французи денеска ќе излезат на првиот круг од претседателските избори, а според анкетите главната борба, како и на претходните избори во 2017 година, ќе се води меѓу претседателот во заминување, центристот Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен.

Фаворитот во анкетите со месеци, Макрон, кој најдоцна влезе во предизборната кампања, во изминатите недели се соочува со намалување на разликата во однос на Марин Ле Пен, чија победа веќе не е незамислива.

Во првиот круг учествуваат вкупно 12 кандидати, додека аналитичарите проценуваат дека излезноста на гласачите ќе биде помала од вообичаената, бидејќи изборната кампања беше бледа и се одржа во голема сенка на војната во Украина.

Годинава првпат нема да има изборна ноќ на француската приватна телевизија ТФ1, која традиционално досега беше единствената телевизија која ги следи резултатите и носи аналитичари во студиото по затворањето на гласачките места. Овој пат таа изборна ноќ е скратена до 21.30 часот, по што ќе биде прикажана познатата француска комедија „Посетителите“.

На национално ниво, Франција се соочува со целосно поделена левица и слаба десница, па анкетите покажуваат дека Макрон би освоил околу 26 отсто во првиот круг, а Ле Пен околу 22 отсто. Макрон во вториот круг би ја победил Ле Пен со 53 отсто од гласовите, а таа би освоила 47 отсто.

Аналитичарите сметаат дека Ле Пен ја зголемила својата популарност зборувајќи за куповната моќ и грижите на Французите, но и поради падот на популарноста на кандидатот, исто така, на екстремната десница Ерик Земур.

Додека Земур повторуваше антиимиграциски и антиисламски теми, Ле Пен се фокусираше на куповната моќ ветувајќи итни мерки како што е укинувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за одредени производи.

Земур е помалку популарен од почетокот на руската инвазија врз Украина, поради претходно позитивните ставови кон рускиот претседател Владимир Путин и неубедливиот став за прифаќање украински бегалци. Земур често беше гонет за контроверзни изјави. Тој беше осуден во 2011 година за поттикнување расна дискриминација, а во 2018 година за поттикнување омраза кон муслиманите.

Лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон се очекува на третото место во првиот круг од изборите со околу 17 отсто од гласовите. Кандидатката на десницата Валери Пекрес и Земур би добиле по девет отсто од гласовите.

Пекрес, која пред неколку месеци важеше како сериозен противкандидат на Макрон, играше на таа карта дека освежување за Франција би било ако ја предводи жена. Сепак, таа остана без официјална поддршка од поранешниот десничарски претседател Никола Саркози, во чиј период беше министерка за буџет.

Другите кандидати би освоиле околу пет отсто од гласовите.

Во Франција, претседателот се избира со директно гласање, во два круга, доколку ниту еден кандидат не освои мнозинство во првиот круг.

Шефот на државата се избира за мандат од пет години и може да биде реизбран само еднаш.

Предизборниот молк во Франција ќе трае до денеска во 20 часот по затворањето на гласачките места.

Францускиот закон забранува објавување на изборните резултати пред затворањето на гласачките места. Веднаш по затворањето на избирачките места, може да се очекуваат резултатите од излезните анкети спроведени од институти за истражување на јавното мислење.

Вториот круг од изборите е закажан за 24 април.

Изборите се одржуваат во екот на војната во Украина, но и во период на шестмесечното претседавање на Франција со Советот на Европската унија.

На претходните избори Макрон ја победи Ле Пен во вториот круг и со тоа стана најмладиот француски претседател. Неговото доаѓање на власт ги потресе традиционалните партии во земјата, левичарски и десничарски, кои се менуваа на власт со децении. гт/

2

претседателски избори Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.