Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски ТВ дуел: Пендаровски и Силјановска уште еднаш ги побараа гласовите на граѓаните

0
By Нова ТВ on May 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 2, 2019 22:39

На ТВ-соочување на претпоследниот ден од изборната кампања, кандидатите за претседател на државата Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова очекуваат гласачите в недела да ја препознаат предноста на нивните програми.

Во дуелот во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, Пендаровски рече дека граѓаните без оглед на припадноста овојпат многу добро ќе размислат дека влогот на овие избори е дали ќе одиме напред или, како што рече, ќе се вратиме назад кон ревизија на клучни документи со кои е направена кохезија и се отвора вратата кон европската перспектива.

Сиљановски порача дека е крајно време да гласаат за личност. Да ставиме крај, рече таа, на просечните и на тие кои глумат реформи. – После Берлин, јасно е дека оваа власт ниту знае, ниту има намера да понуди вистински реформи. Јас сум роден реформатор, истакна Силјановска,

И двајцата очекуваат да ги придобијат гласовите на неопределените, разочараните што не излегле во првиот круг, како и од граѓаните Албанци што во првиот круг гласаа за кандидатот Блерим Река, притоа нагласувајќи дека не се за трговија со гласови и го почитуваат слободниот  избор на секој гласач.

Пендаровски очекува подобри резултати и од четирите албански партии кои од почетокот стојат зад него. Смета дека гласачите Албанци нема да ја поддржат противкандидатката затоа што, рече, нејзиниот концепт е етноцентричен и ќе бара ревизија на Законот за јазици и на Рамковниот договор.

Силјановска пак, смета дека закон е донесен по скратена постапка и е прекршена цела процедура на донесување.-На албанските граѓани им треба закон кој не е неуставен и кој е донесен во процедура. Јас имам респект кон гласот на секој граѓанин и им се обраќам на граѓаните Албанци. Секогаш се повикувам на индивидуите, за разлика од мојот противкандидат кој велеше дека му биле одземени гласови во прв круг што му припаѓале нему, рече Силјановска.

Во дуелот тие се обвинуваа за политиките на оваа власт во изминатите две години и за она што партијата што  ВМРО-ДПМНЕ, поддржувачот на Силјановска, го направила во 11 години.

– Од 2015, со формирањето на СЈО,  почна да се испорачува правдата. Има обвинителни акти и преку него се направени огромни исчекори,  но мака мачиме со ВМРО-ДПМНЕ како да му се продолжи векот во рамките на Јавното обвинителств, рече Пендаровски.

Силјановска, пак не се согласи дека има реформи. – Далеку од вистината е дека Македонија направила реформи во судството. Има само актерство, преправање. импровизација, рече Силјановска.

Тие полемизираа и за законот за амнестија. Според Пендаровски,  законот за учесниците во „27 април“ бил одлично  балансиран зашто не им дал шанса на организаторите, вооружените и насилниците во Собранието. Силјановска смета дека е недозволиво  селективен и дека Законот за амнестија не може да се трансформира во нешто како закон за помилување.

На прашањето кое е името на земјава, Силјановска рече „во Уставот преговарачите ја нарекоа Република Северна Македонија“ но дека таа има право на самоопределување: „Јас немам намера да кршам, да преместувам, но јас тој термин нема да го употребувам зашто е спротивен“. Според неа, се што е донесено по референдумот е неуставно, наспроти Пендаровски кој рече дека Преспанскиот договор е одличен зашто ги отвора евроатлантските перспективи.

Пендаровски во дуелот рече и  дека долго се чека на извештајот на Јавното обвинителство за начинот на бегството на Груевски и дали некој му помогнал да ја напушти земјава.  – И јас го очекувам извештајот од ЈО. Недозволиво е  толку долг период да чекаме на финален извештај од Обвинителството, рече Пендаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.