Во светот секоја година од 4-те најраспространети незаразни заболувања умираат 36 милиони луѓе, со што тие се убиец број еден со дури 63 проценти од вкупниот број на смртни случаи. Во земјите во развој процентот на луѓе кои умираат од овие незаразни болести е 60, додека во високо развиените само 13 отсто. Во Европа 86% од сите смртни случаи се должат на кардиваскуларните, болестите на белите дробови, ракот или дијабетот.
Кардиоваскуларните, болестите на белите дробови, ракот и дијабетесот, според светскиот економски форум, се едни од најголемите закани за економскиот развој. Досегашните проценки покажуваат дека 10-процентно зголемување на овие 4 групи на болести, го намалува бруто домашниот производ за 0,5 отсто.
Годишно во земјава 30 проценти од вкупниот број на смртните припаѓаат на незаразните заболувања. Во 90 отсто може да се превенираат прераните случаи на смрт кај работоспособното население. Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО) денеска почна го почнаа дијалогот за подобрување на состојбите со незаразните болести во државата.
„Како Министерство сме фокусирани на незаразните болести особено на кардиоваскуларните и малигните заболувања и за нив имаме посебна програма. За кардиоваскуларните заболувања направивме првпат програма во Министерството и како резултат на тоа сме фокусирани најнапред на формирање кардиолошка мрежа особено за интервентна кардиологија. Во тие рамки отпочнавме со интервентна кардиологија во Битола, Штип, имаме план тоа да го направиме во Тетово и во Струмица“, рече Никола Тодоров,. министер за здравство.




