Ноќеска на крстосницата на Рузвелтова со Орце Николов, се случила тешка сообраќајна незгода, во која учествувале полициско возило и такси, пренесува ТВ21.
Полициското возило веднаш по незгодата се превртело, додека кај такси возилото е предизвикана материјална штета.
Превртеното полициско возило стоеше на тротоарот до утринава околу 8.30 часот, кога беше кренато со „пајак“.