Презентерот на Би-Би-Си Комла Думор (Komla Dumor) почина ненадејно во својот дом во Лондон на возраст од 41, јавува оваа Телевизија.
Думор, роден во Гана беше презентер за Би-Би-Си вестите од свет и Фокус со програма за Африка.
Како еден од најпознатите новинари на Гана, тој се приклучи на Би-Би-Си како радио новинар во 2007 година, по една деценија на новинарство во Гана.
Директорот на Би-Би-Си Глобал Вестите Питер Хорокс го нарече Думор водечка светлина на африканското новинарство кој многу ќе недостасува.
“Многу пријатели на Комла и колеги низ Африка и светот ќе бидат потресени од оваа шокантна вест”, рече г-дин Хорокс во соопштението.
“Симпатиите на сите негови колеги на BBC се со неговото семејство и пријателите.”