Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Презентирана новата Национална стратегија за затворскиот систем во државата

0
By НОВА ТВ on November 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 3, 2021 14:27

Новата Национална стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија (2021-2025), ќе се фокусира на 12 стратешки цели, изјави денеска преставникот на Управата за извршување на санкции, Кристина Трајковиќ, кој при презентација на клучните точки на националната стратегија наведе дека дел од овие цели се пресликани од претходната стратегија, која делумно е веќе реализирана.

Секоја стратешка цел ,според Трајковиќ, има повеќе активности, односно како прва клучна точка во Стратегијата е посочено подобрувањето на материјалните услови во пенитенцијарниот систем, потоа следи зајакнувањето на капацитетите на раководство и надзор, зајакнување на професионалноста на затворската управа.

– Обезбедувањето на безбедна средина за осудените лица и персоналот на КПУ И ВПУ, исто така, е дел од 12-те стратешки цели. Како клучна точка пет е и зајакнување на процесот на ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица, вклучително и на постпеналната грижа. Подобрувањето на третманот и грижата за деца кои издржуваат мерка упатување во ВПД, подобрување на корпоративниот интегритет, јакнење на механизмите за справување со случаи на корупција. Зајакнување на обезбедувањето на здравствената заштита на осудените лица и на образовните структури и структури за обука, рече Трајковиќ.

Таа додаде дека дел од ова стратегија е и адресирањето на радикализацијата која води кон насилен екстремизам, но за неа Управата веќе има подготвено акциски план и постапува по него.

Директор на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање колку ова стратегија би придонела за подобрување на условите во затворите ако за претходната стратегија има забелешки, рече дека се преземени конкретни чекори особено во делот за борба против корупцијата, односно изготвен е конкретен акциски план за борба против корупција во самите казнено поправни домови.

– Ние ако УИС склучивме меморандум за соработка со Државната комисија за спречување на корупција и активно се работи во делот на борба против корупцијата. Работењето на КПУ и ВПУ е отчетно и можам да констатирам сме отворени и по транспарентни за разлика од изминатите години. Борбата против корупцијата е една од приоритет на УИС, рече Спасовски.

Воедно, директорот Спасовски, во својот говор пред присутните истакна дека втората Национална стратегија за развој на пенитенцијарниот систем ќе овозможи да се унапреди постоечкиот систем на извршување на санкции, кој ќе продолжи да обезбедува успешна ресоцијализација и социјална адаптација на осудените лица за нивно оспособување и можност да се вклучат во општеството со најдобри изгледи за самостоен живот.

Заменик министерот за правда, Агим Нухиу оценувајќи ја Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во државата, рече дека во изминатите години во затворскиот систем во државата се почнати навистина важни процеси.

– Тоа на што најмногу и посветивме внимание е подобрување на условите за престој во затворите. Особено сум горд за институцијата во Волково и во Тетово. Оваа институција денеска преставува една од најсовремените институции за малолетниците во регионот. Нашата цел е условите да бидат пример затоа како треба да изгледа севкупниот пенитенцијарен систем во државата, односно како треба да изгледа секој затвор во рамките на државата, рече Нухиу.

Заменик шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Јулиан Васало, коментирајќи ја новата Националната стратегија за развој на пенитецијарниот систем рече дека затворите се сметаат за лице на кривично-правниот систем на една земја.

– И тоа со причина кога некое лице се лишува од слобода тоа е една од најголемите моќи на една држава. Затоа тоа моќ треба да се извршува со почитување на владеењето на правото и човековите права. Како што повеќе пати е повторено, условите во затворите во државата остануваат тешки. Тоа може да се квалификуваа и како малтретирање ,според Комитетот за спречување и мачење. Сепак има напори да се подобри ситуацијата, има проекти за реконструкција во Идризово, исто така и затворот во Битола се реновираше со средства на ЕУ, рече Васало.

Претставникот на ЕУ, уште додаде дека тие се долгорочен партнер на земјата во спроведување на реформите во затворскиот систем и даваат поддршка во пробациската служба, односно во последниот период е обезбедена медицинска опрема за шест затвори. Пазарна вредност на целата донација изнесува 54.801 евро.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.