Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Презентирани нови снимки за случајот „Палчо“

0
By Zoran Ivanov on February 21, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 21, 2025 13:04

На една снимка од дворот на Манев во Велес се гледа како тројца обвинети вршат тестирање дали радиостаниците функционираат. Забележливо е дека Палевски на јакната има закачено микрофон, а исто имаат и Манев и Видевски.

Од записите се гледа дека Палевски носи јакна која има три бели ленти на ракавите, а Манев носи тренерка која на ракавите има три бели ленти, појасни обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска на денешното рочиште.

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска на денешното рочиште презентираше видео снимки од дворот на Велибор Манев во Велес, снимени на 21. и 22. ноември 2023 година, на кои се гледаат сите четворица обвинети за грабнувањето и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, односно Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев.

На едно видео од камерата број 6 која го снима предворјето од куќата на Велибор Манев, а е во траење од повеќе од еден час и е од датум 21.11.2023 година, во 20.57 минути се гледа како пристигнува возило и се паркира пред куќата.

Во 20.58 се гледа лице кое излегува од возилото и влегува во куќата на обвинетиот Манев. За лицето кое влегува, Обвинителството тврди дека е обвинетиот Боре Видевски.

На друго видео од истиот ден, 21.11.2023 година, вечерта пред критичниот ден, 22.11, кога е извршено киднапирањето и убиството на Панче Жежовски, во 22 часот се гледа паркирано возило „шкода фелиција“ со ознаки „BE-1047-AC“, сопственост на Боре Видевски.

Ова видео е од камера 2, која го покрива предворјето од друг агол. Ова е истото возило од претходниот фајл, кое се паркирало пред куќата и од кое излегол Видевски.

Во 22 часот се гледа како пристигнува „рено кангу“ и од совозачката врата излегува обвинетиот Влатко Кешишев, пуши цигара и се упатува кон куќата на Манев. Се гледа возилото „рено кангу“, со ознаки „SK-403-UI“, како застанува пред капијата од куќата на Манев. Од возачкото седиште излегува обвинетиот Љупчо Палевски и се упатува кон куќата на Манев, Кешишев го чека и влегуваат заедно.

Во 22.26 часот од дворот на куќата се забележува Кешишев како се приближува, се прекрстува со десната рака, а во левата држи ранец. Во 22.28 часот се забележуваат Кешишев и Манев како излегуваат од куќата. Кешишев става нешто во „рено кангу“ од совозачката врата, а Манев во неговата десна рака држи два пластични празни галони. Потоа Манев се враќа во куќата, а Кешишев влегува во „рено кангу“ на возачко седиште, пребарува нешто во возилото.

Во меѓувреме Манев се доближува, ја отвора возачката врата, разговараат нешто со Кешишев додека тој пребарува во колата, по што Велибор се упатува кон куќата. По него од возилото излегува Кешишев и останува да стои пред капијата.

Потоа Манев му подава нешто на Кешишев, што изгледа дека се клучеви, по што Кешишев го пали „рено кангу“ и го преместува понапред низ улицата. Во тој момент Манев од дворот на куќата во рикверц го вади своето возило, „мерцедес“, го изнесува надвор на улицата, по што, во 22.31 часот се гледа како „мерцедесот“ поминува по улицата и се упатува кон Велес.

Во 22.34 се гледа истиот „мерцедес“ како се враќа од насоката во која бил заминат, а во 22.35 „мерцедесот“ повторно се упатува во правец кон Велес.

Кога доаѓа „мерцедесот“ пред куќата во 22.34 часот, во десниот агол на видеото се забележува силуета од човек и фарови, што укажува на фактот дека „мерцедесот“ тука прави свртување и се враќа кон Велес. Во 22.42 се гледа како возилото „мерцедес“, сопственост на Манев се појавува назад од патот кон Велес и се паркира во својот двор. Во 22.43 се забележува Кешишев како излегува, во левата рака држи нешто црно и се упатува десно кон улицата, во насока каде претходно го остави возилото „рено“. Во 22.43 Велибор излегува од своето возилото, држи две туби, сега наполнети и оди во насока каде претходно се упати Кешишев, каде што беше оставено возилото „рено кангу“. Во 22.44 Манев се враќа кон куќата и не носи ништо, по што и Кешишев се враќа кон куќата и тој во рацете не држи ништо. Во 22.45 излегува Кешишев, по него Манев, по него Палевски, кој во десното уво носи црна слушалка, Манев носи кеса и му ја предава на Кешишев, а по нив е Видевски, во чие десно уво исто така се забележува црна слушалка – презентираше обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска.

Понатаму, според снимките, Кешишев се упатува десно кон „рено кангу“, останатите тројца стојат пред капијата и разговараат. Боре Видевски во својата десна рака држи нешто црно, претпоставка е дека тоа е радиостаница моторола која е поврзана со слушалката во увото. Потоа во 22.48 се повлекуваат кон дворот, Манев го внесува кучето во куќата. Се гледа дека тројцата разговараат, односно вршат тестирање дали радиостаниците функционираат. Забележливо е дека Палевски на јакната има закачено микрофон, а исто имаат и Манев и Видевски. Во 22.49 сите четворица тргаат пеш во насока кон Велес.

Важно е да се потенцира дека во таа насока е куќата на Панче Жежовски, а Манев и Жежовски се соседи, односно, факт е дека нивните куќи се на истата улица. Во 22.56 се гледа Кешишев како пешки се враќа, и се упатува кон местото каде е оставено „реното“. Потоа, во 22.58 се забележува „реното кангу“ како помува пред куќата и се упатува кон Велес. Во 23.26 часот доаѓа возилото „рено кангу“ и застанува пред паркираната „шкода фелиција“. Од возилото излегуваат две лица, Кешишев пали цигара, а до него е Палевски кој зборува во микрофон што го држи со десната рака. Двајцата стојат пред куќата, како да чекаат нешто и во 22.27 од насока од Велес доаѓаат Манев и Видевски. Сите четворица стојат ред куќата и разговараат, а тројца обвинети влегуваат во дворот. Кешишев во 22.28 се упатува кон „рено кангу“. Потоа и Кешишев, кој во десната рака држи кеса, а во левата туба, галон, доаѓа од насоката каде е паркирано „рено кангу“ и влегува во куќата – рече обвинителката Стојковиќ Димитровска завршувајќи ја презентацијата на второто цеде од снимките од дворот на Манев.

Понатаму беше прикажано како во 00.03 часот Кешишев излегува, оди кон „кангуто“, и кога се враќа во десната рака држи ранец, во левата нешто црно и повторно влегува во куќата.

Во 00.11 обвинетите Палевски, Кешишев и Видевски излегуваат, сите тројца одат кон „кангуто“. Во 00.12 Манев излегува и се упатува десно пред куќата, а „рено кангу“ започнува со движење, во 00.13 се упатуваат кон Велес. „Шкодата“ на обвинетиот Боре Видевски останува пред куќата на Манев. Манев во 00.14 влегува во својот дом. По десетина секунди повторно излегува, ја затвара капијата и се упатува кон другиот влез од неговата куќа – објасни обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска.

Од истата камера, во утринските часови од 22.11.2023 година, денот кога е убиен Панче, во 6.38 часот се гледа како „шкода фелиција“ на Боре Видевски сѐ уште е пред куќата на Манев.

Од насока на Велес доаѓа возило и застанува зад „шкодата фелиција“. Тоа е „реното кангу“ и од него излегуваат Кешишев, Видевски и Палевски, облечени во истите јакни како и претходната вечер. Одат кон капијата и влегуваат во куќата. Во 7.10 часот се гледа како од куќата излегува Палевски, по него Кешишев и Видевски и тројцата одат кон „реното кангу“. Поминува некое друго возило, а Кешишев и Видевски потклекнуваат за да не бидат видени. Потоа од куќата излегува и Манев кој во своето десно уво има црна слушалка. И тој оди кон „реното кангу“. Во 7.11 Велибор го зема кучето кое е на улица и го внесува во дворот. Од записите се гледа дека Палевски носи јакна која има три бели ленти на ракавите, а Манев носи тренерка која на ракавите има три бели ленти. Ова е од значење бидејќи на минатото рочиште беа презентирани видео записо од камерите на „Романтик“ кај Велес, каде се гледаше дека две лица, едно во возилото „цитроен“, едно во возилото „рено кангу“, на своите ракави имаат бели ленти. Во 7.11 се гледа како се стартува „рено кангу“. Потоа Манев излегува од дворот и се упатува пеш кон Велес, а во таа насока се наоѓа куќата на Панче. По него и „рено кангу“ се придвижува во таа насока – додаде обвинителката.

 

судење палевски видеа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.