Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преживеан во кочанската трагедија се откажа од кривично гонење на обезбедувањето

0
By Zoran Ivanov on March 5, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 5, 2026 14:51

Преживеан и повреден во пожарот во „Пулс“, Кристијан Китанов се најде во непријатна ситуација кога адвокатот на еден од обвинетите Јовица Страшевски побара да се изјасни дали се приклучува кон кривичниот прогон и на обезбдувачите за кои претходно кажа дека му го спасиле животот.

Китанов по ова прашање рече дека се приклучува кон кривичниот прогон и отштетното побарување за сите, освен за обезбедувањето. Ова предизвика дебата во судницата меѓу одбраната и обвинителството кое приговараше на барањата на одбраната да бара правно толкување на сведокот.

Во оваа дебата се судрија и адвокатот Петре Шилегов и обвинителот Дарко Јакимовски кој тврдеше дека се прават замени на тези и дека службените лица не одговараат дека го предизвикале пожарот, туку за непостапување, а Шилегов ги читаше кривичните дела за да го демантира.

Тој сведочеше дека се обидувале да го извлечат и луѓе од обезбедувањето и полицаец, а на крајот не можел ни да подаде рака за спас.
Китанов сведочеше дека предвреме дознавале кога ќе доаѓа полиција и ќе прави рација. Вечерта имало малолетници кои кога дошла полицијата се криеле во тоалетите.

Другар ме известуваше дали ќе дојде полиција. Во дискотеката секоја сабота имаше огромна гужва, не можеше ни до тоалет да се стигне – рече сведокот на Обвинителството кој сведочеше дека никогаш не му барале лична карта.

Бев со мојот пријател околу 12:45 часот. Никој не ми побара лична карта при влезот. Околу 2:15 влегоа полицајци. Мислам дека беа Панчо или Андреј, ни рекоа да ги поздравиме полицајците. Тие се завртеа, како да бараа малолетници. Имаше многу малолетници – дел од нив се криеја во тоалет, некои се тргаа на страна за да не бидат забележани. Потоа полицијата си замина. Околу 2:34, мислам дека тогаш почна пожарот. Се слушна викотница – некој извика: „Се запали!“. Тргнав кон влезната врата, но на средината застанавме – настана стампедо. Сите се туркавме, немаше како да се излезе.Имаше голема топлина, чад, искри паѓаа од плафонот, црни парчиња гореа и паѓаа врз нас. Паднав на грб. Добив изгореници од втор степен. Почна да ме фаќа паника, се туркав колку што можев. Кога стигнав до вратата, повторно паднав. Левата потколеница ми беше изместена. Почнав да молам за помош да ме спасат. Го видов Лазо, го викаат Портокалот. Тој се обидуваше на разни начини да ме извлече, но бев заглавен под други луѓе. Имаше многу чад, немаше струја, раскажуваше Китанов.

Топлината беше неподнослива. Ја гледав десната рака, како кожата почнува да се лупи од изгорениците. Се обидував да го заштитам лицето, но десната страна ми беше изгорена. Еден од полицајците, Драган Казак, се обидуваше да ми помогне. Веќе се чувствував безнадежно, почнав да се гушам, не можев да дишам. Лазо ми рече да му ја подадам раката. Со помош на мојот вујко, кој бил таму, успеале да ме извлечат. Потоа паднав во несвест. Не се сеќавам на сè. Ме полеале со шише вода, ме качиле во автомобил и ме однеле во болница, раскажуваше Китанов.

Извор: Слкободен печат.мк / Фросина Факова Серафиновиќ

 

Дискотека Кочани судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.