Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прибе: СЈО треба да биде дел од Републичкото обвинителство

0
By Влатко Чаловски on September 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од суштинско значење е да се утврди одговорноста за обвиненијата од нелегално прислушуваните материјали, и затоа СЈО треба да продолжи со работа, оценува експертската група предводена од Рајнхард Прибе во најновиот извештај изготвен за Република Македонија.

„Утврдувањето на кривичната одговорност за нелегалното прислушување е од суштинско значење и мора да продолжи да се спроведува. И покрај критиките, опструкцијата и несоработлициот став на широк опсег на клучни институции, вклучувајќи го и обидот на Претседателот да ги помилува сите, дури и оние кои потенцијално би биле под истрага, СЈО сепак покажува посветеност и компетентност. Сепак, ограничувањата и опструкциите на мандатот на СЈО го покренуваат прашањето за континуитет што е од суштинско значење за обезбедување на кривична одговорност. Постојат различни опции за да се обезбеди овој континуитет, се вели во извештајот.

Во однос на забелешките за македонското судство, експертскиот тим на Прибе потенцира дека судот не постапува ажурно по предметите кои ги добива од СЈО, и дека од вкупно 20 поднесени обвиненија, досега се потврдени само три.

Иако се поминати две години, никој не е осуден по обвинение од СЈО, се нотира во извештајот.

„Иако поминаа скоро две години откако започна СЈО со работа, никој не е ефикасно осуден, создавајќи перцепција за неказнивост. Од суштинско значење е да се обезбеди кривична одговорност на сите наводни сторители, без оглед на политичката припадност“, стои во забелешките.

Воедно се потенцира дека Специјалното обвинителство имало краток ток  за поднесување на обвинение.

„Одредбата од член 22 од Законот за СЈО дозволува многу кратко време за истраги од 18 месеци. Ова е сериозна пречка за континуитетот и правдата“, вели Прибе, притоа доставувајќи препорака дека СЈО треба да се припои кон Републичкото јавно обвинителство, како специјализирана единица или одделение.

Воедно во забелешките забележана е и работата на Судскиот совет.

„Реформата во судството треба да опфати длабок преглед на улогата и одговорноста на Судскиот совет, во однос на неговиот состав, односно да нема можност за повторен мандат со цел да се избегне ризикот од непотизам и пријателства, со цел да се обезбедат објективни одлуки без конфликт на интереси. Воедно треба да се анализира дали советот треба да биде постојано тело. Неопходна е и независна ревизија на системот за распределување на случаи за да се утврди кој и кога не го почитувал системот“, стои во препораките.

 

извештај ЕУ Македонија Рајнхард Прибе СЈО судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.