Прводојдената жирафа во зоолошката градина во Скопје, Орка починала вчера околу 9 часот, соопштуваат од ЗОО Скопје.
За тоа веднаш биле известени надлежни ветеринарни институции, кои потоа преземале потребни мерки за утврдување на причините за прераната и за изненадувачката смрт на жирафата.
Според информациите од надлежните ветеринарни институции, се очекува анализите да бидат готови во период од 7-10 дена, по што ќе биде организирана прес конференција, на која ќе бидат презентирани резултатите.
Во соопштението на ЗОО Скопје се вели, Орка не е единствената жирафа во Скопје, односно со донација на Фондација Илија Камчев пристигнати се три нови жирафи, кои требало на пролет да бидат изненадување за посетителите.
Жирафата Орка во зоолошката градина пристигна во септември 2012 година, кога беше одбележан и нејзиниот втор роденден.




