Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Причините на ИВЗ за бојкот на Светската конференција

0
By Нова ТВ on May 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 10, 2013 11:00

„Како ИВЗ да учествува на една конференција, на која треба со нашето присуство, со нашите рефе­ра­ти и из­ла­га­ња да до­ка­жу­ва­ме де­ка има­ме вер­ска рам­но­прав­ност во мул­ти­кон­фе­си­о­нал­на за­ед­ни­ца, де­ка си­те гра­ѓа­ни врз ос­но­ва на нив­на­та раз­лич­на ве­ро­ис­по­вед се рам­но­прав­ни, де­ка има­ат ед­на­ков трет­ман од др­жа­ва­та и де­ка Вла­да­та со си­те нив се од­не­су­ва ед­на­кво, ко­га, очиг­лед­но, не е та­ка во пра­кти­ка“, рече во своето последно интервју, неодамна починатиот, Јакуп Селимовски од Исламска верска зедница.

Иако тој искажа надеж дека над­леж­ни­те др­жав­ни ор­га­ни, по­себ­но Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра, „ќе го чу­јат на­ши­от глас и ќе из­вр­шат ко­ор­ди­на­ци­ја со дру­ги­те ми­ни­стерс­тва и де­ка што по­ско­ро ќе ги по­ста­ват овие пра­ша­ња за да нај­де­ме со­од­вет­ни ре­ше­ни­ја“, сепак до денска ништо не е променето – Светската меѓурелигиска конференција започнува без ИВЗ.

Еве некои од причините, кои Селимовски ги наброја, поради кои ИВЗ одби да биде дел од Третата меѓурелигиска конференција:

Црквата „Св. Кон­стан­тин и Еле­на“се гра­ди врз некогашен имот на ИВЗ

– Но­ва­та цр­ква „Св. Кон­стан­тин и Еле­на“, ко­ја поч­на да се гра­ди пред До­мот на АРМ, се гра­ди врз пар­це­ла што прет­ход­но бе­ше имот на ИВЗ. Ста­ну­ва збор за на­ци­о­на­ли­зи­ран имот, кој Ко­ми­си­ја­та за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја го по­твр­ди ка­ко имот на ИВЗ, ме­ѓу­тоа во тоа вре­ме, спо­ред Де­тал­ни­от ур­ба­ни­стич­ки план, та­му беа пла­ни­ра­ни парк и зе­ле­ни­ло, нам не ни се вра­ќа имот, ту­ку ни се да­ва ком­пен­за­ци­ја. Ко­га по­ба­рав­ме да ни се вра­ти и да че­ка­ме из­ме­на на ДУП, нам тоа не ни се доз­во­ли, ме­ѓу­тоа вед­наш ко­га ста­на пра­во­сил­на по­стап­ка­та за ком­пен­за­ци­ја и ние ја при­фа­тив­ме ком­пен­за­ци­ја­та, вед­наш се пот­тик­на ини­ци­ја­ти­ва за из­ме­на на ДУП и вед­наш ту­ка се на­цр­та мар­кич­ка за цр­ква. Ние не сме про­тив из­град­ба на цр­ква и да по­ба­раа сог­лас­но­то од нас ние ќе им ја да­дев­ме, но проб­ле­мот е во од­но­сот. Та­му ка­де што МПЦ сме­та де­ка тре­ба гра­ди цр­кви, не­ка гра­ди во сог­лас­ност со за­кон­ска­та ре­гу­ла­ти­ва. Но, ба­ра­ме исто­то да ва­жи и за нас.

Во­зоб­но­ву­ва­ње на Бур­ма­ли-џа­ми­ја на пло­шта­дот

– Не се отка­жуваме од ба­ра­ње­то за во­зоб­но­ву­ва­ње на Бур­ма­ли-џа­ми­ја на пло­шта­дот „Ма­ке­до­ни­ја“. Убе­де­ни сме во тоа де­ка ако таа ло­ка­ци­ја би­де обес­че­сте­на со ка­ква би­ло дру­га град­ба ќе ре­а­ги­ра­ат си­те мус­ли­ма­ни на по­драч­је­то на Скоп­је и не­ма да доз­во­лат да им да­дат от­ште­та за таа ло­ка­ци­ја. Ако во­зоб­но­ву­ва­ме кул­ту­ри и тра­ди­ции и слич­но од ми­на­то­то и ста­ва­ме бе­ле­зи на гра­дот Скоп­је, во тој слу­чај би тре­ба­ло да се во­зоб­но­ви и Бур­ма­ли-џа­ми­ја. Пр­во, по­ра­ди неј­зи­на­та исто­ри­ска вред­ност, вто­ро, по­ра­ди неј­зи­на­та ар­хи­те­ктон­ска вред­ност и тре­то, по­ра­ди по­тре­ба­та од вер­ски об­јект на дес­на­та стра­на од ре­ка­та Вар­дар, ка­де што жи­ве­ат по­ве­ќе од 50.000 гра­ѓа­ни со мус­ли­ман­ска ве­ро­ис­по­вед. По­ра­ди тоа што од Не­ре­зи до с. Ба­тин­ци ние не­ма­ме џа­ми­ја во тој про­стор.

Делумна денационализација

– По­ба­рав­ме да ни се вра­тат два­та нај­го­ле­ми ана – Ка­пан-ан и Су­ли-ан, во Ста­ра­та скоп­ска чар­ши­ја, во сог­лас­ност со За­ко­нот за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја, кои се имот на ИВЗ на­ци­о­на­ли­зи­ран во 1948 го­ди­на, а ние има­ме и срп­ска и ста­ра тур­ска та­пи­ја. Кур­шум­ли-ан не го ба­ра­ме, не сме го ва­де­е­ле во 1948 го­ди­на, по­ра­но бил од­зе­мен и За­ко­нот за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја не го тре­ти­ра тоа. Два­та ана би­ле во на­ша сопс­тве­ност и тре­ба да ни се вра­тат, тие поч­наа да го ме­ну­ва­ат За­ко­нот за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја, па го­лем комп­лекс е, под за­шти­та на кул­тур­ни­те спо­ме­ни­ци, ме­ѓу­тоа за­шти­та­та на кул­тур­ни­те ја­дра и прог­ла­су­ва­ње за спо­ме­ник на кул­ту­ра не ја до­ве­ду­ва во пра­ша­ње сопс­тве­но­ста на об­је­кти­те. И во иста­та Ста­ра чар­ши­ја ние има­ме че­ти­ри џа­мии што се за­шти­те­ни спо­ме­ни­ци на кул­ту­ра­та, а ние сме сопс­тве­ни­ци, има­ме 70 ло­ка­ли и ИВЗ ги упра­ву­ва. Ме­ѓу­тоа, ки­но­то „На­пре­док“, се­га дет­ски те­а­тар и два­та ана се три­те об­је­кти што тре­ба да ѝ се вра­тат на ИВЗ. На дру­ги­те вер­ски за­ед­ни­ца им се вра­те­ни 80-90 про­цен­ти од имо­ти­те, а на ИВЗ не се ни 30 про­цен­ти. И ту­ка се соз­да­ва тој ре­волт и не­ед­на­ков трет­ман.

10 го­ди­ни се ба­ра но­ва ло­ка­ци­ја за се­ди­ште на ИВЗ

– Мо­же­би ве­ќе 10 го­ди­ни ба­ра­ме но­ва ло­ка­ци­ја за се­ди­ште на ИВЗ, ме­ѓу­тоа ин­тен­зив­но во пос­лед­ни­те пет го­ди­ни. Нѐ на­те­раа да по­ба­ра­ме про­ме­на на ДУП за ло­ка­ци­ја­та кај Фран­цу­ски гро­би­шта во Скоп­је. До­ста­вив­ме ба­ра­ње до Вла­да­та на РМ и во раз­го­во­ри на нај­ви­со­ко ни­во ни бе­ше ка­жа­но да по­со­чи­ме не­кои ло­ка­ции што се по­год­ни. Оваа ло­ка­ци­ја е чи­ста, не­ма по­ба­ру­ва­ња спо­ред За­ко­нот за де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја и е имот на РМ, па за­тоа по­ба­рав­ме да ни се до­де­ли. Ни ве­ти­ја де­ка ќе ни се до­де­ли, ме­ѓу­тоа та­му по­сто­е­ше са­мо Ге­не­ра­лен ур­ба­ни­стич­ки план и не по­сто­е­ше Де­та­лен ур­ба­ни­стич­ки план. За да ја за­бр­за­ме по­стап­ка­та, би­деј­ќи Вла­да­та не­ма па­ри за ДУП, а и оп­шти­на­та не­ма па­ри, ни ре­коа ние да пла­ти­ме за изра­бо­тка на ДУП, а тие ќе го усво­јат. Пла­нот не­кол­ку­па­ти ше­та од Ми­ни­стерс­тво за транс­порт во Оп­шти­на Цен­тар и пос­лед­на­та ин­фор­ма­ци­ја е де­ка Ми­ни­стерс­тво­то го да­ло во Оп­шти­на Цен­тар на по­втор­но усво­ју­ва­ње, но сè уште не­ма­ме офи­ци­јал­на ин­фор­ма­ци­ја.

Ху­са Ме­дин-па­ши­на­та џа­ми­ја во Штип продадена на МПЦ

– Ху­са Ме­дин-па­ши­на­та џа­ми­ја во Штип, ко­ја бе­ше ед­на од пет­те џа­мии што ИВЗ ба­ра­ше др­жа­ва­та да ги вра­ти во неј­зи­на над­леж­ност, во 2006 го­ди­на др­жа­ва­та ѝ го вра­ти тој имот на ИВЗ, но, за жал, во 2009 го­ди­на Ми­ни­стерс­тво­то за фи­нан­сии, по ба­ра­ње на Бре­гал­нич­ка­та епар­хи­ја ѝ ја про­да­де џа­ми­ја­та (ко­ја функ­ци­о­ни­ра ка­ко џа­ми­ја и ние во пе­ток др­жи­ме мо­ли­тва во неа) на епар­хи­ја­та за 8.000 евра. Ве­ќе е во пра­ша­ње за­гро­зу­ва­ње на ин­те­ре­си­те на ИВЗ.

Џа­ми­ја­ и мус­ли­ман­ски гро­би­шта – имот на Бре­гал­нич­ка­та епар­хи­ја

– Проб­ле­мот со џа­ми­ја­та во се­ло Град, Дел­чев­ско, ка­де што без зна­е­ње на ИВЗ, а по ба­ра­ње на Бре­гал­нич­ка­та епар­хи­ја­та, џа­ми­ја­та и мус­ли­ман­ски­те гро­би­шта (ка­де што сѐ уште има 10-15 мус­ли­ман­ски ку­ќи што жи­ве­ат во се­ло­то) во оп­штин­ски­от ка­та­стар ѝ се пре­фр­ле­ни ка­ко имот на Бре­гал­нич­ка­та епар­хи­ја. За ова ис­пра­тив­ме и пис­мен до­пис до МПЦ, ме­ѓу­тоа, за жал, до де­нес не од­го­во­ри­ја. Се­га мус­ли­ман­ски­те гро­би­шта што се актив­ни и ка­де што се по­гре­бу­ва­ат мус­ли­ма­ни се имот на МПЦ.

Возобновување на при­леп­ска­та џа­ми­ја

При­леп­ска­та џа­ми­ја, ко­ја во 2001 го­ди­на бе­ше за­па­ле­на, а си­те цр­кви што на­стра­даа во конф­ли­ктот се са­ни­ра­ни, ду­ри и прет­став­ни­ци на ИВЗ учес­тву­ваа во са­на­ци­ја на цр­ква­та „Св. Ата­на­сиј“ во Ле­шок, то­гаш бе­ше до­го­во­ре­но и при­леп­ска­та џа­ми­ја да се во­зоб­но­ви, но до де­нес таа не е во­зоб­но­ве­на.

Па­ра­лел­на вер­ска за­ед­ни­ца во Прилеп

Гра­до­на­чал­ни­кот на При­леп, Ма­ри­јан Ри­сте­ски, со ед­на гру­пич­ка од ром­ско­то мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние и со по­мош на Ко­ми­си­ја­та за од­но­си со вер­ски за­ед­ни­ци, фор­ми­ра вер­ска за­ед­ни­ца што ја ре­ги­стри­ра во су­дот без зна­е­ње и без да по­ба­ра мис­ле­ње од ИВЗ, што е во спро­тив­но со За­ко­нот за ре­ги­стра­ци­ја на вер­ски за­ед­ни­ци. Ако мис­лат де­ка со из­град­ба­та на џа­ми­ја за дел од мус­ли­ман­ско­то на­се­ле­ние ќе се за­бо­ра­ви по­тре­ба­та од са­на­ци­ја и од ре­кон­струк­ци­ја на чар­ши­ска­та џа­ми­ја, тоа не е мож­но. Ние ни­ко­гаш не­ма да от­ста­пи­ме од тоа, чар­ши­ска­та џа­ми­ја мо­ра да се из­гра­ди за­што таа е спо­ме­ник на кул­ту­ра од 15 век и би­ла за­па­ле­на во ед­но на­силс­тво и не смее да оста­не во ва­ква со­стој­ба. Во ис­ла­мот ни на­мет­наа да се фор­ми­ра ед­на гру­пич­ка, чи­ја­што ос­но­ва е су­нит­ска, а и ние сме су­ни­ти. Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца во Ма­ке­до­ни­ја е су­нит­ска вер­ска за­ед­ни­ца по Уста­вот. Зна­чи, не сме­е­ја да го на­пра­ват тоа. Но Ко­ми­си­ја­та за од­но­си со вер­ски­те за­ед­ни­ци да­де сог­лас­ност, со што на­пра­ви от­стап­ка од сво­и­те ин­ге­рен­ции иа­ко е над­леж­на да ра­бо­ти во сог­лас­ност со За­ко­нот за ре­ги­стра­ци­ја на вер­ски­те за­ед­ни­ци. Зна­чи, ста­ну­ва збор за по­ли­тич­ка вол­ја. Не­кој од по­го­ре го на­пра­вил тоа за да се ди­скри­ми­ни­ра ИВЗ, за од­на­тре да се раз­би­ва, да се де­ли на де­ло­ви.

Јакуп Селимовски на крајот истакна дека ИВЗ по­де­ле­на во де­ло­ви ќе би­де мно­гу опас­на за це­ло­то на­се­ле­ние во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

„Ако поч­нат рас­ко­ли­те во ИВЗ да за­зе­ма­ат се­ри­оз­ни ди­мен­зии, то­гаш сѐ око­лу нив ќе има те­шко­тии. Тие не се свес­ни ка­ков чин пра­ват и ка­ко се од­не­су­ва­ат кон ис­ла­мот и кон мус­ли­ма­ни­те и на ка­ков на­чин ги ома­ло­ва­жу­ва­ат“, ова се зборовите на човекот Селимовски кој во ИВЗ ја вршеше функцијата директор на секторот за верска просвета.

Селимовски беше последниот Реис ул улема на ИВЗ во поранешна Југославија. Тој имаше значајна улога во организирањето и функционирањето на Исламската Верска заедница во Македонија. Селимовски секогаш се бореше против напливот на радикалниот ислам во Македонија. Јакуп Селимовски беше роден 1946 година во Кичево. Ја започна кариерата како учител во Исламската асоцијација по враќањето во Македонија. Селимовски почина на 29 март годинава во болница во Турција. (Интревјуто беше објавено на 23 ноември 2012, во неделникот Република)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.