Published: Thursday, July 2, 2015 13:24
Општининските власти во Гевгелија заедно со претставници од УНХЦР и на Меѓународниот Црвен крст ќе градат специјален пункт во градот за мигрантите кои пристигнуваат преку границата меѓу Македонија и Грција.
Од УНХЦР побарале пунктот да биде лоциран околу автобуската и железничката станица во Гевгелија, со цел да се спречи талкање на бегалците.
Таму тие би имале присатап до вода за пиење, а ќе бидат поставени и тоалети, маси и клупи со заштита од сонце.
Градоначалникот Иван Франгов вели ист таков пункт треба да биде поставен и во меѓуграничниот простор на Македонија и Грција.




