НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пријава за веледрогериите кои сакале да се офајдат на сметка на болните од леукемија

0
By Менче Атанасова Точи on November 18, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во целата драматична ситуација со лекот кој за пациентите значи живот, не се откриваат имињата на веледрогериите кои „уценувале“ со високите цени на лекот и со тоа го довеле во опасност животот на 130 пациенти болни од  хронична миелоична лекемија

Барање за прекршочна пријава за двете веледрогерии кои ја злоупотребиле својата позиција и се здружиле за да обезбедат огромен профит на тендерот за лекот Иматиниб на штета на пациентите со лекумија, поднела Клиниката за хематологија. Ова за НОВА го потврдија од Клиниката откако пациентите со хронична миелоична лекемија(ХМЛ) останаа без неопходниот лек.

„Клиниката за Хематологија поднесе барање за поведување на прекршочна пријава до двете компании (економски оператори) кои учествуваа како понудувачи на последниот тендер за набавка на предметниот лек Иматиниб, заради злоупотреба на доминантната позиција на пазарот на компаниите и заради здружување за остварување на енормно големи профити на сметка и штета на јавните средства и на пациентите заболени од Хронична миелоична леукемија (ХМЛ)“, тврдат за НОВА, на Клиниката за хематологија.

Во целата драматична ситуација со лекот кој за пациентите значи живот, не се откриваат имињата на веледрогериите кои  „уценувале“ со високите цени на лековите и со тоа го довеле во опасност животот на 130 пациенти болни од  хронична миелоична лекемија.

Од Клиниката смируваат дека до крајот на оваа недела (петок, 22.11.2019 година) ќе бидат обезбедени дополнителни количини кои ќе ги задоволат  потребни месечни количини за сите пациентите заболени од хронична миелоична леукемија.

Од таму велат дека на 22.11.2019 година ќе биде отворен тендерот за набавка на потребната терапија за овие пациенти, со кој ќе се обезбедат однапред потребните количини терапија за оваа група на пациенти за период од 2 години. Раководството на Клиниката тврди дека ниту еден пациент не е оставен без потребната терапија.

„ Универзитетската Клиника за Хематологија информира дека сите пациентите со хронична миелоична лекемија (ХМЛ) имаат доволна количина од потребната терапија. Во моментов, ниту еден пациент не е оставен без потребната терапија“, велат на Клиниката за хематологија.

Од друга страна и пациентите и лекари за НОВА тврдат дека лекот Иматиниб не го добиваат веќе 10 дена.

„Десет дена се без терапија. Доаѓаат болни од сите градови во државата, патуваат за да добијат по 1-2 таблети и пак се враќаат назад. Овој лек за нив значи живот бидејќи болеста ја стопира, а кога ќе престанат да го земаат клетките можат да направат мутации и при повторното примање, лекот може да не делува. Тоа за нив е катастрофално“, велат за НОВА, лекари од Клиниката за хематологија.

Како што веќе објави НОВА, тендерот на Клиниката за хематологија бил поништен бидејќи двете фирми се јавиле со иста, однапред договорена и многу висока цена, дури за 30 до 40 пати повисока од реалната и ниту еден не сакал да попушти и да ја намали цената.

Имало уште еден тендер преку Министерството за здравство кој исто така бил поништен бидејќи набавката на лекот ја добила веледрогерија на која не и била обновена дозволата за промет, па втората, која изгубила на тендерот ја обжалила одлуката.

Во Здружението на пациенти со ХМЛ велат дека се известени сите надлежни дека во моментот се прават обиди како да се најдат лекови за пациентите со леукемија.

“Добив информација пред една недела дека пациентите се оставени без лекови. Работиме на итно решавање на проблемот, известени се сите надлежни. Не прифаќаме бирократски процедури, мора нешто да се смени во постапките. За да се ублажи проблемот сега, надлежните ветија дека по пат на слободно договарање или преку интервентен увоз до вторник или среда ќе има некоја количина на лекови, но лековите уште не се пристигнати“, изјави за НОВА Пепо Леви претседател на Здружението

Лекот Иматиниб, под името Гливек беше ставен на позитивната листа пред десетина години по многу притисоци од пациентите и медиумите бидејќи болните умираа без лекови. Цената на лекот на почеток беше многу висока бидејќи го произведуваше само една фармацевтска компанија, се до моментот кога се појавија повеќе производители, по што цената падна што беше големо олеснување за јавните средства како на Хематологија така и на ФЗОМ.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.