Published: Wednesday, June 8, 2016 19:06
Шарените револуционери од “Прилеп протестира“, повикуваат на протест за поддршка на “шарениот”адвокат Жарко Стеваноски, кој е повикан утре (четврток 09.06.2016) во 10.30 часот на информативен разговор во полициската станица Прилеп.
Во нивниот проглас на Фејсбук се вели:
Ајде сите слободари да му ја изразиме поддршката на Жаре, така што ќе се собереме утре на 09.06.2016 во 10.30 часот на почетокот од улицата што води кон полициската станица Прилеп (пред бившиот наплатен центар на електро дистрибуција) и заедно со Жаре се упатуваме кон полициската станица, каде ќе го изразиме нашиот револт за неоснованиот прогон на нашите соборци од страна на поданиците на Чавков.
Не им се плашиме!
#ПрилепПротестира #ШаренаРеволуција #Протестирам




