Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прилепска болница:Не сме овластени да го коментираме случајот

0
By Нова ТВ on March 4, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 4, 2015 16:53

По објавување на сторијата за родилката Мери Стојаноска која обвинува за нестручно изведена интервенција за време на нејзиното породување,стигнаа соопштение од болницата во Прилеп. Соопштението го објавуваме во целост.

„Во текот на вчерашниот ден бевме контактирани од новинарката Менче Точи по телефон за и околу случајот на пациентката Мери Стојаноска и ја замоливме да се јави во денешниот ден да и дадеме податоци за случајот, но наместо тоа денес во вашиот ценет медиум беше објавена сторија под наслов Скандал во Прилеп.

Бидејќи за случајот е известена државна санитарна инспекција, која е надлежна за контрола на вакви и слични случаи и која по нејзин наод, по потреба испраќа и комисија за проверка на стручноста при работата ние како болница можеме само да дадеме хронолошки тек на настанатите кои се случија за и околу сучајот со почитуваната пациентка.

Од 13.01.2015 година кога пациентката е дојдена во болницата за првпат до 26.01.2015 извршени се 10 контролни прегледи на кои секојдневно е следена ситуацијата со бремената пациентка.

На 21.01.2015 година на пациентката и е предложена хоспитализација која истата ја одбила со своерачен потпис во дневникот.

На 26.01.2015 година пациентката повторно се јавила на гинеколошко акушерското одделение каде е хоспитализирана и е отпочнато со индуцирано раѓање во 10,30 часот.

Во 16,25 часот пациентката е породена со машко дете од 4,200 грама.
Породувањето е водено согласно со клиничките стандарди и патеки предвидени за ваков случај.

Од 16,25 часот, кога е детето породено со абгар 2, после укажаната медицинска помош во 17,10 часот е транспортирано на клиника во Скопје исто така согласно со клиничките протоколи и патеки.

Бидејќи се работи за случај за кој е поткрената постапка пред санитарен инспектор ние како болница не сме овластени да коментираме за и околу случајот.

Што се однесува до наводите од приватни болници за извршените медицински зафати во деновите после породот исто како и наодот на патологија мораме да ги чекаме резултатите од релевантни институции за да можеме да ја констатираме реалната состојба.

Напоменуваме дека нашата болнциа е отворена и спремна на секаков вид стручна контрола и увид се со цел да се зголеми транспарентноста на секоја процедура извршена во болницата за добро на пациентите со надеж дека на тој начин ќе бидат што помал број натписи од типот на “спектакуларно, скандалозно и трагично”.

Во интерес на вистината НОВА информира дека е точно дека во вчерашниот ден новинарката Менче Точи телефонски разговараше со директорот Илија Богдановски. Тој се изјасни дека не се сеќава за случајот и замоли да се чуеме во текот да денешниот ден(околу 10 часот) за да го каже ставот на болницата, во врска со случајот.

Но, и покрај тоа Богдановски не одговори на телефонските повици, ниту пак се јави дополнително доколку бил зафатен во периодот кога го баравме на мобилниот телефон. Во интерес на времето НОВА ја објави сторија за младата мајка, а текстот е направен професинално согласно новинарските стандарди.

Покрај изјавата на Стојаноска во текстот има изјави од повеќе страни:Институт за патологија, Државен санитарен и здравствен инспекторат, документи и Отпусни листи од Клиника за детски болести, од болницата Плодност, како и од гинеколошкото одделение во болницата од Прилеп.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.