Педесетина прилепски планинари утрово тргнаа пеш кон манастирот Трескавец каде ја почнаа првата од многуте неделни акции за расчистување на изгорените конаци.

На планинарите им се придружија околу 150 доброволци кои неуморно работат.

Во текот на денов ќе се работи во приземниот дел, за потоа, со втората неделна акција да се постават скелиња за расчистување на катот на конаците.

Алатот од ЈП „Комуналец“ е веќе транспортиран во манастирот. Општинското кординативното тело ја надгледува акцијата.

Деновиве од Заводот и музеј и јавните претпријатија ја скенираа состојбата и е одредено што може да се расчистува.