Спортските терени наменети за потребите на припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР, комплетно се реконструирани. Градежните и реконструкциски активности на спортските терени опфаќаат обновување на тревната површина на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа на фудбалскиот стадион како и спортска опрема наменети за работните и спортски активности на припадниците на оваа Единица. Донацијата е од страна на ФФМ, информираат од Министерството.

„Ова раководството на МВР продолжува со зацртаните плански активности во насока на континуирано и сеопфатно материјално-техничко и инфраструктурно унапредување на условите за работа на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, а со цел реализација на стратешки поставениот концепт „Опремена полиција – безбедни граѓани”, се вели во соопштението на МВР.