30-годишна мајка од Приштина, Косово, вели дека нејзиниот сопруг, Арбен, кога пред неколку недели заминал во Сирија, со себе и без нејзино знаење го земал нејзиниот син, Ерион.
Детето има само 8 години и се наоѓа во Сирија со борци на ИСИС. Пранвера очајно бара да и се врати единствениот синот, пренесува КТВ. Арбен заминал таму со цел да се бори заедно со ИСИС.
Мајката била преплашена кога ги видела сликите на кој се наоѓа нејзиниот син. На сликите тој е со други деца и со возрасни борци на ИСИС, со кренат прст – знак дека Господ е еден – и знамето на ИСИС.
Жената тврди дека мажот и кажал дека неколку дена ќе замине во Ругово. Пранвера само еднаш разговарала со Ерион по телефон, соопштува Koha.net. Се верува дека покрај Ерион, во Сирија има и други деца, кои најверојатно таму заминале заедно со своите семејства.