Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приштина работи на интеграција, а не асимилација на Србите на Косово

0
By Светлана Јовановска on January 16, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 16, 2014 17:21

По убиството на северот на Косово на советникот на општина Северна Митровица Димитрије Јаниќиевиќ и по реакцијата на Артифете Јахјага, претседателката на Косово која рече дека убиството е кукавички акт и обид за дестабилизација на земјата, своја реакција имаше и косовската министерка за европска интеграција Влора Чанаку.

Зборувајќи денес во Брисел таа рече дека ова е тажна вест и дека истрагата за утврдување на убијците и нивните мотиви е во тек. Чанаку рече исто така дека случувањата на северот на Косово се «хранети и финансирани од Белград».

«Петнаесет години подоцна тие се среќаваат со чудовиштето што го создадоа», рече таа додавајќи дека Србите на Косово не смеат да стравуваат дека ќе загубат идентитет или јазик бидејќи Приштина работи на нивна интеграција, а не асимилација. Според неа нормализацијата на односите помеѓу Белград и Приштина не е само еден акт туку тоа е процес низ кој ќе треба да се мине.

Исовремено во Стразбург Европскиот парламент (ЕП) кој денес усвои резолуција за Косово и разговараше за Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Приштина посакувајќи преговорите да бидат брзо завршени уште оваа година. ЕП исто така го осуди насилството и заплашувањата во северна Митровица.

“Повеќе напори се потребни за да се стави крај на мрежите на организираниот криминал вклучувајќи ги врските со локалната политичка елита и да се воспостави правна држава”, рече ЕП.

Инаку, целта на патувањето на Чанаку во Брисел е средба со комесарот за проширување Штефан Филе и пред се залагање за што побрзо ослободување од визниот режим.

Косово се надева дека брзо ќе успее да се ослободи од визниот режим со Шенген земјите и е влезена во преговори со Европската комисија (ЕК) која на земјата и постави 101 критериум за ослободување од визи што е повеќе од условите што им беа поставени на другите балкански земји, изјави Чанаку.

“Ова е најголемиот приоритет и за нашата влада и за граѓаните на Косово”, рече таа додавајќи дека Косово добило точни упатства што треба да направи за остварување на оваа цел. Според Чанаку огромниот број услови не се обесхрабрувачки за Косово. Напротив, таа тврди дека владата на нив гледа многу позитивно: “Ова е за нас е како еден вид фитнес. Исполнувајќи ги критериумите ние вежбаме и на крајот ќе бидеме во добра форма”.

Чанаку сепак посака ЕК да биде поинтерактивна и да одговара со повеќе ентузијазам на овие преговори. На пописот направен на Косово пред неколку години констатирано е дека огромен број косовски граѓани се наоѓаат во Европа каде што легално живеат а оние на Косово се чувствуваат изолирани бидејќи се исто така единствените граѓани во Европа кои имаат обврска да бараат виза за излез кон Шенген зоната.

Косово го следело со внимание процесот на ослободување од визи со Македонија и Албанија и според министерката постои добра соработка со Скопје и Тирана. Косово сака да ги избегне проблемите што ги имаше Македонија со лажните азиланти. Чанаку тврди дека Косово и ЕК инвестираат во социјалната област и за реинтеграција на косовските граѓани кои немаат легален престој во Европа. “Ние ги користиме искуствата на другите балкански земји во таа област”, рече Чанаку.

Според дипломатски извор од земја членка на ЕУ која имаше проблеми со лажните азиланти од Македонија и Србија, очигледна е косовската желба за ослободување од визи но процесот нема да биде брз и сигурно нема да се случи до крајот на оваа година. Министерката исто така не се осмели да даде прогноза за денот кога Косово ќе биде ослободено од визи. Дипломатот вели дека Косово донесува закони и покажува добра волја за работа со ЕУ но Брисел останува да се види дали Приштина ги спроведува донесените закони, забелешка која е валидна за дел од другите балкански земји.

Фотографија: Филип Печевски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.