Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пристигна холандската медицинска помош за поплавените подрачја

0
By Нова ТВ on August 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 19, 2016 14:04

Холандската донација во медицинска помош за поплавените денеска пристигна во Скопје, соопштија од Амбасадата во Холандија во Македонија.

Холандија, по барањето за помош испратено од македонската Влада во рамките на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, донесе одлука за донирање на контингент медицински материјали во вредност од преку половина милион евра.

Пратката, која се состои од 20 палети на опрема за прва помош, пристигна во Дирекцијата за заштита и спасување благодарение на поддршката и финансиската помош на холандската транспортна компанија „Букестајн транспорт“. Донацијата ќе биде дистрибуирана до здравствените установи во кои се лекуваат пациентите од регионите зафатени од поплавите.

– Холандската Влада ја испрати помошта скоро веднаш по катастрофалните поплави, и таа пристигна во Македонија денес, на денот кога Обединетите нации го одбележуваат Светскиот ден на хуманитарноста, во чест на сите хуманитарни работници и волонтери. Меѓународната заедница го знае Скопје како град на солидарноста, и ова уште еднаш го докажуваат сите луѓе и организации кои деноноќно работат за да ги расчистат и обноват областите зафатени од поплавите. Како долгогодишен пријател и поддржувач, Холандија ќе продолжи да обезбедува помош за Македонија и понатаму – изјави вршителот на должноста Амбасадор на Кралството Холандија, Андри ван Менс на конференцијата за печат во Скопје.

Минатата недела холандскиот експерт Петер Глерум беше испратен во Македонија да го води тимот на ЕУ кој направи процена на хуманитарната ситуација по поплавите во кои загинаа 22 лица, а многумина останаа без своите домови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.