Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пристигнаа 100.000 вакцини од „Синофарм“, стивнува епидемиолошката слика во земјава

0
By Нова ТВ on May 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 16, 2021 08:53

Во земјава пристигнаа уште 100.000 вакцини од кинески „Синофарм“ донација од кинеската Армија. Надлежните се надеваат дека со оваа значителна количина на вакцини, може да се смени епидемиолошката слика во државава.

Вакцинирањето, според надлежните, оди согласно предвидената динамика, според возраста и до крајот на следната недела се очекува да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари граѓани кои ќе имаат приоритет пред помладите.

Како приоритетни ќе бидат вакцинирани и пациентите со трансплантирани бубрези и пациенти на дијализа по што следуваат оние со потешка форма на хронични болести на респираторниот систем. Во групата на потешко болни од хронични болести кои, исто така, ќе имаат приоритет при вакцинацијата, се и пациентите со цистична фиброза.

-За  родители на деца со хронични болести направена е приоретизација на групите. Имаме контакт со сите здруженија во континуитет. Направен е список на околу 2.000 луѓе. Денеска ќе почне, а во понеделник или вторник веројатно ќе заврши вакцинацијата на пациенти кои се трансплантирани и се на дијализа. Тоа е првата приоритетна група на пациенти кои имаат некаква форма на хронична болест. Потоа ќе следат сите пациенти кои имаат потешка форма на некаква хронична болест која може да го засега најпрво како приоритет респираторниот систем. Тука се влезени и децата, родителите со цистична фиброза, дел од пациентите со ретки болести и понатаму сите други, изјави вчера Филипче по повод пристигнувањето на кинеските вакцини.

Ќе се вакцинираат и стопанствениците, а од следната недела продолжува имунизацијата и на вработените во критичната инфраструктура. За стопанствениците, се чекаат списоците од стопанските комори и предвидено е дневно да се вакцинираат од 300 до 400 лица. Во овој случај, приоритет ќе им се даде на оние кои работат во поголема група во иста просторија како во погони или магацини, потоа вработените во угостителско туристичкиот сектор, јавниот транспорт и продавачите во малопродажните трговски објекти.

-Во однос на критичната инфраструктура почнуваме следната недела. Има една донација вакцини за полицијата, а еве сега и за Армијата. Ќе продолжиме по тој терк, како што почнавме. И во однос на стопанските комори, стопанските субјекти, компаниите, на заедничкиот состанок заклучивме дека најсоодветен механизам е и таму да се регрутираат луѓе согласно препораките за приоретизација – вработените со колку луѓе во денот имаат контакт или колку работат во група и во колкава затворена просторија. Ги очекуваме списоците од стопанските комори со кои имавме состанок на почетокот на неделата. Веднаш штом ги добиеме, ќе добијат термини за вакцинација, истакна Филипче.

Оние граѓани, пак, кои се вакцинираа во Србија со „Астра зенека“, а се под 60 години, ќе може да се ревакцинираат во земјава, но со „Синофарм“ или со „Фајзер“, а за тоа ќе треба да се пријават кај матичните лекари.

И додека во тек е имунизацијата на населението, епидемиолошката состојба во државава полека стивнува. Вчера, Институтот за јавно здраво информираше дека во последните 24 часа се евидентирани нови 112 случаи на Ковид-19 од направени 4.196 тестирања. Починати се 13 пациенти, а оздравени 2.179 лица.

Поради подобрената епидемиолошка состојба и намалениот притисок врз болниците олабавени се и рестриктивните мерки. Полицискиот час е скратен, а подолго работат угостителските објекти. Отворени се и вежбалните, спортските центри и фитнес клубовите, но за нив важи почитувањето на протоколите. Засега, останува забраната за правење свадби и концерти и препораката за носење заштитна маска на отворено.

Овие мерки важат до вторник кога повторно согласно епидемиолошките трендови се очекува да се донесе нова одлука за мерките и препораките.

Од друга страна, полицијата секојдневно регистрира нови прекршувања на полицискиот час и непочитување на препораката за носење заштитна опрема на лицето. Од МВР информираа дека во деноноќието меѓу 14 и 15 мај на цела територија на државата регистрирани се 34 прекршувања на полицискиот час и 396 прекршоци за неносење на заштитна маска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.