Published: Friday, July 10, 2015 14:37
Мерка Притвор во траење од 30 дена му е изречена на возачот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во близината на ТЦ „Зебра“ во Скопје,во која животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска Павловска.
Во текот на вчерашниот ден Јавното Обвинителство објави соопштение во кое според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека истиот бил под дејство на алкохол.
Имено, во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.




