Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Притвор за руска режисерка поради наводно поддржување тероризам

0
By Gabi Tocko on May 6, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
AFP Photo
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот суд и одреди притвор на наградуваната режисерка Евгенија Беркович, обвинета за заговарање тероризам во една од нејзините театарски претстави, а одлуката доаѓа во момент на задушување на слободата на говор во Русија од почетокот на инвазијата на Украина, пишува Ројтерс.

На 38-годишната уметничка и се заканува казна затвор до седум години, а ќе биде во притвор до 4 јули, соопшти судот во Москва.

Евгенија Беркович во четвртокот беше повикана на рочиште заедно со драматургот Светлана Петричук (43).

Според руските опозициски медиуми, Светлана Петричук во текот на денот ќе биде изведена пред истиот суд како и Евгенија Беркович.

Тужбите против нив предизвикаа изненадување во рускиот театарски свет.

Двете жени се осомничени за поддржување тероризам во драмата напишана од Светлана Петричук, а во режија на Беркович во 2020 година.

Драмската претстава „Финиста, храбриот сокол“ во која глумат само жени, раскажува за Русинки кои на интернет биле регрутирани од исламистите во Сирија и кои им се придружиле за да се венчаат со нив.

Претставата доби добри критики и во 2022 година беше наградена со „Златна маска“, главната театарска награда во Русија.

Петицијата за нивно ослободување, која ја покрена независниот весник Новаја Газета, веќе е потпишана од над 3.000 луѓе.

Минатата година Евгенија Беркович објави стихови против офанзивата во Украина. Таа е поранешен студент и соработник на режисерот Кирил Серебреников, кој сега е во егзил во Германија. Беркович е позната по нејзините дела кои ја критикуваат руската моќ и каде се мешаат политиката, религијата и сексуалноста.

Г. Т.

Евгенија Беркович притвор руска режисерка тероризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.