Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приватните стоматолози бараат промена на финансискиот модел и укинување на матичен стоматолог

0
By Нова ТВ on October 29, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 29, 2019 15:27

Здружението на приватните здравствени стоматолошки установи бара да се укине институцијата матичен стоматолог и да се промени сегашниот финансиски модел зашто две третини од стоматолошките установи во земјава се на работ на банкротот и на егзистенцијата, а оптимално е сите да добиваат фиксен надомест од 90.000 денари. Здружението доцна синоќа се сретна со приватните стоматолози од Пелагонискиот регион во Прилеп соопштувајќи ја одлуката на извршниот одбор дека ако се нема слух за барањата, тие на 6 следниот месец ќе протестираат пред Министерството за здравство, но се уште, велат, постои надеж да најдат заедничко решение со надлежните.

Според Жарко Георгиев, претседател на Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори на дентална медицина на Македонија, сегашниот финансиски модел е неодржлив зашто две третини од стоматолошките тимови не може да достигнат до 2 000 осигуреници.

-Со капитацијата не може здравствената установа да обезбеди плати, придонеси за вработените, не може да обезбеди средства за амортизација. Со моделот на капитација, оние здравствени ординации кои имаат поголем број пациенти, стануваат уште побогати, а оние кои немаат доволен број пациенти се на работ на банкротот. Во земјава, со Фондот за здравство договори имаат склучено 1 211 приватни стоматолошки здравствени установи, од кои 860 го имаат проблемот и се на работ на егзистенција. Само 131 стоматолошки тим, во моментов капитираат повеќе од 2 000 пациенти и тие, можеби, во овој момент се задоволни со ваквиот начин на функционирање, со капитација, вели Георгиев.

Проблемот, објаснува, настанува при вкрстувањето на критериумите на Министерството за здравство кое издава лиценци со Фондот за здравствено осигурување: според Министерството, мрежата е воспоставена на 1 000 осигуреници, а Фондот вели дека оптимален број пациенти за една здравствена установа да опстои се 2 000 осигуреници.  – Токму тука лежи клучниот проблем. Невозможно е да се обезбедат 2000 пациенти поради демографијата и поради иселувањата од државава. Затоа бараме укинување на институцијата матичен стоматолог, покачување на вкупните финансиски средства за примарната и секундарната стоматологија. Исто така, бараме фиксен надомест за секоја приватна здравствена установа во висина на нејзините реални трошоци, а тоа би било во висина од 90 000 денари. Оптимален е овој модел што го бараме. Пациентите, пак, ќе бидат ослободени од стегите на матичниот стоматолог и ќже имаат право, за своите пари, да добијат стоматолошка услуга на ниво на целата држава, рече Георгиев.

Како што објаснува стоматологот Дафина Богеска, користејќи, вели достапни податоци од Фондот за здравство, две третини стоматолози едвај обезбедуваат минимална плата.

-Преку пристапот до информациите од јавен карактер од Фондот за здравство, дојдовме до податоците дека под 1 500 пациенти кои се оптимални за еден стоматолошки тим да помине минимална плата од 12 000 денари и за режиските трошоци на амбулантата,  се 876 тимови. Само 131 тим имаат по 2000 пациенти и само тие може да земат нормална лекарска плата заедно со услугите кои ги даваат. Сите тимови кои имаат под 1 500 пациенти се принудени од дома да дадат пари за да ги покријат сите трошоци за да земат минимална плата. Затоа нашето здружение бара промена на моделот и поинаква исплата на тимовите. Нашата професија е од јавен интерес, а платата ни зависи од бројот на интервенциите. А ние треба да работиме на превентивата, значи треба да го намалуваме бројот на интервенциите, а не да се зголемува. Со зголемувањето на висината на капитацијата, околу 330 стоматолошки тимови би го зеле половината од буџетот, а другата половина ќе останеме за преку 900 тимови, рече Богеска.

Здружението бара и повеќе од двојно да се зголеми буџетот за стоматолозите и барем да се приближат до општите лекари.

-Според податоците од Фондот, вкупниот буџет за 2018 година е 591 милион денари и е намален, наместо да се зголемува. Ние бараме буџетот повеќе од двојно да се зголеми и да биде околу една милијарда и 400 милиони денари и да бидеме една половина од буџетот што го имаат општите лекари, чиј буџет е преку 2 милијарди денари, рече Богеска.

Здружението најавува протест на 6 ноември пред Министерството за здравство, но се уште, вели Георгиев имаме надеж да се сретнеме со министерот Филипче.

– Досега имавме средба со координаторот за здравство, д-р Чакаровски, а се надеваме денес или утре да оствариме средба со министерот Венко Филипче. Сите наши одлуки се транспарентни, се донесувата на Собранието и од Извршниот одбор. Се надеваме дека овојпат ќе го слушнат лелекот на здравствените установи, а ако не, најверојатно ќе продолжиме со серија протести, но се надеваме дека ќе најдеме заеднички договор и ќе не прифатат во консултациите. Сметаме дека не сме проблем, туку само го носиме решението на проблемот, рече Георгиев. Здружението има околу 200 членови.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.