Published: Friday, September 6, 2013 11:46
МВР потврди за НОВА дека вчера го привела актерот Кирил Поп Христов Кили поради нелегално поседување на дрога.
По неговиот брат кој исто така е осомничен за нелегално производство на марихуана се уште се трага.
Од полицијата најавуваат детали и снимка за тоа како течела акцијата и колкаво количество на наркотични средтсва биле пронајдени кај Кирил Поп Христов.
Актерот и урбана легенда Кили на 31 август на отоврањето на настанот „Слобода е…“ праша: „Зошто во Македонија граѓаните молчат? Зошто се плашат јасно, гласно и јавно да критикуваат и да кажат што мислат? Зошто наместо јавна дебата, во Македонија живее етикетирањето и дисквалификувањето? Зошто македонските граѓани не дишат со полни гради и не зборуваат слободно?“




