Екс министерот за земјоделство Трајан Димковски бил приведен .
Како што објавија повеќе медиумит а во недостиг на официјални податоци од МВР, приведени со него биле и поранешен директор на Јавното претпријатие „Агро берза“ и уште неколку раководители како осомничени во акција за „злоупотреба на службената положба“.
Според информацииТЕ, Станувало збор за истрага со малверзации со стокови резерви, во периодот на кризата кога почна војната во Украина.
Медиумите објавуваат дека „лицата со неизвршување на својата службена должност, придонеле да се изврши отпишување на 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од државните стокови резерви, со што причиниле штета на буџетот од околу 780.000 евра“.
Меѓу осомничените е и едно вешто лице од Бирото за процена од областа на земјоделството.




